Свет
(Видео) По смртоносните пожари, на Калифорнија ѝ се заканува нова опасност
Бројот на лица загинати во катастрофалниот пожар во северна Калифорнија се зголеми на 83 лица, а во исто време на земјата ѝ се заканува нова опасност.
Метеоролозите во Калифорнија предупредуваат дека обилните врнежи од дожд во следните неколку дена би можеле да предизвикаат и поплави.
Имено, поплавите може да ги отежнат напорите на спасувачките екипи во потрагата по исчезнатите и жртвите од пожарите што избувнаа пред две недели. Шерифот на округот, Бјут Кори Хонеа, соопшти дека повеќе од 560 лица се исчезнати како резултат на пожарот, но и дека се пронајдени уште две тела на загинати во пожарот, со што билансот на жртвите достигна 83, објави АП.
Од утринава врне во областа Парадајс и поради опустошените шуми и населби од пожарот, во градот се стравува дека сега се можни и лизгања на земјиштето, како и многу други проблеми.
За време на викендот се очекуваат обилни врнежи од дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.
Свет
Лидерот на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали
Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Неутрализацијата на терористичкиот функционер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.
Во соопштението се потсетува дека лидер на ИСИС учествувал во нападот на Нигер во 2017 година, што резултираше со убиство на четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач.
Свет
Евакуирани туристи во Кенија поради поплави, 170 загинати од март
Туристи беа евакуирани од десетици хотели, апартмани и кампови откако пукнаа браните во Националниот резерват Масаи Мара поради поплавите во кои загинаа повеќе од 170 луѓе низ Кенија од почетокот на сезоната на дождови во средината на март.
Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 61 лице од резерватот, кој е популарна туристичка дестинација за годишната миграција на диви пчели од Серенгети во Танзанија, пренесува Асошиетед прес.
Метеоролошкиот оддел на Кенија предупреди дека ќе очекуваат нови дождови оваа недела, откако во понеделникот пукна брана во градот Маи Махи во округот Накуру, при што загинаа 48 луѓе, а над 80 се водат како исчезнати.