Црна хроника
За еден ден повредени четворица пешаци

Четиринаесетгодишно момче е повредено во Кавадарци кога во него удрил автомобил што го возел 19-годишник. Уште тројца пешаци во Скопје и Штип настрадале во сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден.
Шеесет и осумгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа во Штип. Полицијата информира дека вчера во 15.50 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата на улиците Ванчо Прке, Јосиф Ковачев и Кирил и Методиј, возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски таблички, управувано од А.Ј. (63) од Штип, удрило во пешакот Д.С. (68) од Штип. Повредената жена со возило на итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.
Седумдесет и тригодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 7.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Кемал Сејфула, возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.Б. (48) од село Грчец, Скопско, удрило во пешакот Ж.Ш. (73) од Скопје. Таа со возило на итната медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 20.30 часот, било пријавено дека на булеварот Никола Карев, возило „форд фокус“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.А. (23) од Република Турција, удрило во пешакот В.Л. (65) од Скопје. По незгодата, со возило со итната медицинска помош В.Л. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Малолетник на возраст од 14 години бил повреден кога во него удрил автомобил што го управувал 19-годишен возач, синоќа, во Кавадарци. Според полицијата, сообраќајната незгода се случила во 17.30 часот на крстосницата од улиците 7 Септември, Блажо Алексов, Браќа Џунови и Цано Поп – Ристов.
Автомобил „матиз“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Д.О. (19), удрил во 14-годишниот пешак. По сообраќајната незгода, повредениот бил однесен во Општата болница во Кавадарци, а потоа бил пуштен на домашно лекување. Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајните незгоди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.