Македонија
Заев и Царовска на работен состанок со ССМ: Работиме за унапредување на социјалниот дијалог и работничките права
Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска во Владата остварија работен состанок со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, и со претседатели на синдикати членки на ССМ од приватниот и јавниот сектор.

Во рамките на овој работен состанок, како што инфомираа од Владата, се отвори конструктивна дебата за надминување на проблемите и состојбите со кои се соочуваат синдикатите, а се разговараше и за законските одредби од новиот Закон за работните односи, чија цел е да ги унапреди работничките права и безбедност при работа, правата на работниците за синдикално организирање и начините за утврдување на репрезентативноста на постојните синдикати што ги застапуваат работничките права и обврски.

Премиерот Заев за време на состанокот порача дека Владата останува цврсто на определбите да работи за унапредување на работничките права заедно во консултација и партнерски однос со работниците и работодавците. Во таа насока Заев рече дека политиките за зголемување на платите, кои продолжуваат и со буџетот за 2019 година, се значаен чекор за подобрувањето на животниот стандард на работниците.

Тој посочи дека синдикатите мора да бидат будното око за правата на работниците и за таа цел мора да се работи на зајакнување на синдикалното организирање.
По состанокот, од Владата информираа и дека ваквиот конструктивен пристап на соработка и отворена дебата помеѓу Владата и синдикатите, кој ќе продолжи и во иднина, беше оценет како исклучително важен за унапредување на социјалниот дијалог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

