Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Две години СДСМ нема преземено ниту еден инфраструктурен зафат

Зоран Заев и Горан Сугарески продолжуваат со лажни ветувања. Две години СДСМ нема направено ништо на инфраструктурен план, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција по прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
„СДСМ целосно потфрли на инфраструктурен план. Реализацијата на капитални инвестиции за 3/4 од годината изнесува 1/4 од предвиденото. Власта доживеа фијаско и тоа е токму поради неспособноста и неработата.
Помина половина од мандатот на СДСМ, а ништо од најавеното не е реализирано. Зоран Заев пред точно 2 години кажа дека во текот на нивниот мандат ќе бидат изградени 600 километри автопатишта, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта, ништо од тоа не е случај веќе две години. Наместо нови инвестиции, СДСМ изминативе 2 години ја блокира изградбата на сите проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ токму поради неговата неспособност и незнаење“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Од партијата додаваат дека две години СДСМ нема преземено ниту еден инфраструктурен зафат.
„Пресот на Сугарески е само уште една фаза во лажните ветувања почнати од нивниот лидер Зоран Заев пред изборите во 2016 година. Граѓаните две години немаат видено ништо од најавениот инфраструктурен бум, туку инфраструктурен застој. Власта не направи ништо во изминатите две години, а тоа продолжува и сега. Граѓаните немаат време за чекање. СДСМ мора да си замине. Државата треба да тргне напред“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.