Економија
Заев и Анѓушев побараа пренос на искуства и нови инвестиции на состанокот со бизнис-делегација од Источна Германија
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, остварија работна средба со претставници на германски компании од Бизнис-асоцијацијата на Источна Германија, предводена од претседателот на асоцијацијата, Михаел Хармс, германскиот амбасадор во земјава, Томас Норберт Герберих, и претставник на Министерството за економија и енергетика на Германија, Хелге Толксдорф.
Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев на германските стопанственици им ги пренел позитивните пораки од посетата на канцеларката Ангела Меркел на Република Македонија и потенцирал дека Германија е најголем трговски и стратегиски партнер на Македонија со кој земјава реализира околу 47% од вкупната трговска размена.
Премиерот, како позитивен момент за привлекување други нови инвестиции го навел очекуваното членство на земјава во НАТО и започнатиот процес на преговори со ЕУ што, како што рекол, ќе придонесе кон траен мир, стабилност на земјата и регионална сигурност.
„Сојузна Република Германија и вие како претставници на бизнис-заедницата можете многу да ѝ помогнете на Република Македонија за развој на економијата со вашето искуство, пренос на нови знаења и нови технологии. Заедничкиот мешовит управувачки комитет со Сојузна Република Германија, чиј прв состанок ќе се одржи утре, очекувам да оствари големи резултати во насока на имплементација на стратегија за дуално образование која ќе даде позитивни ефекти за преквалификација на работоспособното население и негово апсорбирање на пазарот на трудот“, соопшти премиерот Заев.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на средбата порачал дека германските компании се секогаш добредојдени во Македонија и изразил благодарност за иницијативата за формирање заеднички мешовит управувачки комитет.
„Република Македонија нуди многу можности за нови инвестиции, се надевам ќе ги разгледате овие можности. Новиот Закон за поддршка на инвестициите и конкурентоста на компаниите, преку еднакви и транспаренти критериуми овозможува поддршка и еднакви услови за инвестирање на домашните и странските компании. Во Република Македонија воспоставивме реална основа за поддршка на странските директни инвестици. Ве поканувам да инвестирате и да бидете дел од оваа инвестициска програма“, порачал Анѓушев.
Како што информираат од владината прес-служба, претставниците на германските компании членки на Бизнис-асоцијацијата од Источна Германија на работниот состанок со премиерот и владините претставници ги претставиле своите компании и бизниси и своите гледишта за можни полиња на работа и соработка во земјава.
На средбата, покрај премерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, учествувале и директорот на Дирекцијата на ТИР-зоните, Александар Младеновски, и економскиот владин тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

