Свет
Русија не ја исклучува можноста да распореди ракети на територијата на своите сојузници
Русија би можела да распореди ракети на територијата на своите сојузници доколу САД поставaт слично оружје на европска територија, предупреди претседателот на Комитетот за надворешни работи во Горниот дом на рускиот парламент, Константин Косачев.
Намерата на САД да се повлече од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (INF) од 1987 година би можела да укажува на можност за распоредување ракети забранети со овој договор на териотријата на Европа, изјави Косачев, а пренесе новинската агенција АП.
Рускиот висок претставник предупреди дека ако дојде до распоредување вакво оружје, Русија ќе ги има на нишан американските ракети.
На таквиот потег би можеле да одговориме и со распоредување слични ракети поблиску до границите со нашите соседи, а доколку е потребно, и на територијата на сојузниците, додал Косачев.
Сепак, според него, вавите опции се хипотетички, а Русија и натаму се надева дека INF-договорот може да се спаси.
„Ние активно работиме со сите оние што се подготвени да соработуваат со Русија во зајакнувањето на притисокот врз САД со цел да се зачува договорот“, рече тој, но не прецизира во кои земји би можеле да бидат распоредени руски ракети доколку договорот пропадне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.