Свет
Франција со санкции за 18 Саудијци пораду убиството на Кашоги

Франција наметна санкции против 18 саудиски државјани поради бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул минатиот месец, пренесува „Брејтбарт“.
Ограничувањата ги следат санкциите воведени од страна на американското Министерство за финансии за 17 лица, вклучувајќи и блиски соработници на саудискиот принц Мохамед бин Салман, објавени минатата недела, а и Германија во понеделникот наметна слични мерки.
Германскиот министер за надворешни работи изјави дека Берлин им забранил на 18 саудиски државјани да влезат во шенген-зоната бидејќи се верува дека се поврзани со убиството на Кашоги. Сега и Франција го следи примерот.
„Овие мерки имаат цел да им забранат на овие лица да влезат на национална територија и во целата шенгенска област. Тие се конзервативни мерки, предмет на ревизија или продолжување врз основа на наодите од истрагата што се води во Европа“, се вели во соопштението на француското МНР.
Меѓународниот притисок врз Ријад за да ги пронајде одговорните за ужасното убиство на Кашоги постојано расте. Саудиска Арабија соопшти дека 21 лице се наоѓаат во притвор, а смртни казни се бараат против пет осомничени. Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше својата одлука да избегне конфронтација со Саудиска Арабија за ова прашање.
„За мене, на прво место е Америка“, објасни Трамп во вторникот ветувајќи дека нема да се откаже од стотиците милијарди долари на Русија и Кина конфронтирајќи се со Саудиска Арабија поради убиството во Истанбул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина редовно ќе користи свои балистички ракети во иднина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина успешно ги користела ракетите „Нептун“ и дека ќе дојде време кога редовно ќе ги користи своите балистички ракети.
Зеленски зборуваше за време на Меѓународниот форум на одбранбената индустрија, нагласувајќи дека еден од приоритетите е максимално зголемување на производството на пресретнувачки беспилотни летала за соборување беспилотни летала од типот „Шахед“, објави украинскиот „Униан“.
„Во моментов има одреден дефицит, но работиме на тоа. Истото важи и за развојот на украинските балистички способности. Успешно го користевме „Нептун“ – нашите крстосувачки ракети – неколку пати. Ќе дојде време кога редовно ќе ги користиме сопствените балистички ракети“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека ова е една од клучните безбедносни цели за државата, како и за сите компании и поединци кои учествуваат во развојот на украинската ракетна програма. „Имањето сопствена ефикасна балистика е една од гаранциите за безбедност“, рече украинскиот претседател.
Зеленски, исто така, истакна дека од почетокот на војната, потенцијалот на украинската одбранбена индустрија се зголемил многукратно и дека за следната година се проценува дека производствениот капацитет на беспилотни летала и ракети ќе достигне 35 милијарди долари.
Фото: принтскирн
Свет
Орбан: ЕУ се распаѓа

Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX.
Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото.
За разлика од Данска, Унгарија нема законско ослободување од приклучување кон валутниот блок. Некои од источните соседи на Унгарија, вклучувајќи ги Полска, Чешка и Романија, исто така остануваат надвор од еврозоната, барем засега.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, стана сè погласен критичар на ЕУ, која задржа милијарди евра средства за Унгарија поради реформите за владеење на правото.
„Унгарија не треба да ја врзува својата судбина поцврсто со Европската Унија отколку што ја врзува сега, а воведувањето на еврото би било најблиската можна врска“, предупреди Орбан.
Фото: ЕПА
Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.