Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Воздухот во Скопје урива рекорди на загаденост, а Шилегов не знае како да му пристапи на проблемот

Објавено пред

Зоран Заев и Петре Шилегов не преземат апсолутно ништо да го сочуваат здравјето на граѓаните од загадениот воздух, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од нечистиот воздух.

dobivaj vesti na viber

Оттаму, повикувајќи се на податоци од Светската здравствена организација, истакнуваат дека на годишно ниво умираат околу 3.000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот, но како што велат, ваквите податоци не ги загрижуваат СДСМ и Зоран Заев.

Од опозициската партија наведуваат дека Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки.

„Државава е во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш. Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Заев и Шилегов не реализирале ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

„Додека беа во опозиција ветуваа дека по смената на власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат. Не помагаат ниту информациите кои доаѓаат од светските институции и од невладините организации кои тврдат дека на оваа власт не и е приоритет да го реши проблемот со загадувањето на воздухот. Неодговорноста на оваа црна власт нема граници. До нив не допира ништо. Не допираат ниту анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години“, се наведува во соопштението.

Партијата смета дека наместо да излезе со конкретни решенија поради проблемот со енормното загадување, црната власт во јавноста излегува со празни флоскули и нови лаги кои немаат никаков бенефит за граѓаните.

Соопштенија

Огништа од БРАКО за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес

Објавено пред

Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, а на кои постителите од сите возрасти можеа да се згреат додека ги следат музичките настапи, пијат чај, се сликаат со Дедо Мраз и се забавуваат.

БРАКО редовно ги поддржува сите настани во Велес, помага на општината за инфраструктурни проекти, поттикнува индивидуални акции и покажува општествена одговорност кон градот од чие население доаѓаат најголемиот број вработени во фабриката

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025

Објавено пред

ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!

dobivaj vesti na viber

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.

Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.

Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.

Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.

Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

(Видео) Трајановски: Ми се смееја кога ветив дека патот Крива Паланка-Страцин ќе биде готов до крај на 2024 година, извинете за доцнењето од три дена

Од Крива Паланка до Страцин, место половина час како досега, од денес се патува само десет минути, а од Куманово...

Свет12 часа

(Видео) Мистериозна болест ја пустоши Кина? Се појавија снимки од преполни болници

Кина, наводно, е опустошена од мистериозна вирусна епидемија, барем така изгледа врз основа на снимките што се појавија на социјалните...

Топ13 часа

23-годишната девојка од Грчец управувала со „Аудито“ кое излета во Вардар кај Рашче

23-годишната Н.А. била зад воланот на возилото „Ауди“ кое пред два дена излелета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката...

Економија15 часа

Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава има овластување да казнува со високи парични казни за пронајдени...

Топ17 часа

Притвор за 23-годишен педофил, сексуално злоставил 11-годишно дете од Желино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение...

Економија17 часа

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата...

Свет18 часа

Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација

Судијата Хуан Мерчан од Њујорк, кој го води случајот против избраниот американски претседател Доналд Трамп, објави дека изрекувањето на казната...

Македонија1 ден

Извлечено од Вардар телото на 56-годишен маж, петтиот патник во возилото кое се лизна во реката кај Рашче

Полицајци и војници го пронајдоа и го извлекоа од Вардар телото на 56-годишниот маж, петтиот патник во возилото кое вчера...

Македонија1 ден

(Видео) Ќе се гради нов мост кај Башино Село, стариот кој е со уништена арматура е изграден во 70-те од ЈНА

Ќе се гради нов мост кај Башино Село, на местото на постојаниот кој бил изграден во 1971 година од тогашната...

Македонија2 дена

Мицкоски не сакаше да го коментира изборот на новиот претседател на Судскиот совет: „Да видиме како ќе работи“

Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски во куса изјава одговарајќи на новинарско...

Македонија2 дена

Дојдете во Вевчани на 13 и 14 јануари, влезете во новата година испразнети од негативната енергија, повика градоначалникот Кочовски

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, денес ги повика сите оние што сакаат забава и ја почитуваат традицијата, на 13...

Македонија2 дена

Мицкоски: Трговците ги намалија цените пред Нова година, очекувам овој тренд да продолжи

Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата. Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да...

Топ2 дена

Објавен идентитетот на загинатите во вчерашната несреќа, најмладата имала 23 години

Вчера околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-село Рашче, патничко возило излетало од патот...

Македонија2 дена

На судиите што не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем, порача Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Денеска, Советот, на 510-тата седница, со 13...

Македонија2 дена

Дали Дранго има забрана за користење оружје и дали му е одземено во предходна постапка, прашува „Анима мунди“

„Веста дека од страна на битолското Обвинителство е отворен предмет поради фотографијата на заменик-директорот на ‘Македонијапат’, Сашо Дранго, фотографиран со...

Македонија2 дена

Со возилото што излета во водите на Вардар управувала една од загинатите, извлечени телата на три лица, се трага по уште едно

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници...

Македонија2 дена

После Србите, Македонците најголеми купувачи на „Тему“ од Балканот, дневно се испорачуваат и по 10.000 пратки

Затрупана со пратки е единствената приватна пошта кај нас, која врши достава на нарачките од азискиот гигант „Тему“.  „Еко логистик...

Македонија2 дена

Електронските документи издадени од јавни органи печатени на хартија ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информира дека од денес секој електронски документ од националниот портал и другите државни институции...

Македонија2 дена

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид...

Македонија2 дена

Обвинение против десет лица осомничени за шверцување луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале...