Македонија
Елените ќе се вратат во Националниот парк Галичица
Репродуктивен центар на елени, изградба на арборетум, подобро управување со пасиштата и зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица се дел од активностите кои Националниот парк Галичица и Друштвото за проучување и заштита на биодиверзитетот и одржлив развој на природните екосистеми (БИОЕКО) Скопје почна да ги спроведува во рамки на проектот „Подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје Национален парк Галичица“, вреден 340.000 00 евра, финансиран од Европската Унија, соопштуваат НП Галичица.

„Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот ќе трае 12 месеци и се состои од три компоненти: изградба на арборетум, подобрување на управувањето со планинските екосистеми на пасиштата преку изградба на репродуктивен центар за европски елен и негово повторно воведување во паркот, програма за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност на паркот“, стои во соопштението.
Со цел остварување на овие активности, НП Галичица, како што соопштија, ангажирал двајца млади биолози и лице за комуникација, што претставува новина во заштитата на природата во националните паркови во Македонија.
Определена и обележена е површината на која ќе биде оформен репродуктивниот центар за европски елен, како и локациите од кои ќе се собираат растенијата со кои ќе се оформува арборетумот. Ревизијата на Програмата за долгорочен мониторинг ќе биде вклучена и во новиот План за управување, кој ќе биде изготвен во текот на 2019 година, се додава во соопштението.
Овој проект, како што посочија од НП Галичица, е дел од Програмата на Европската Унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“.
„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.
ВЛЕН останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива.
ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека други ќе се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен е на Табановце
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени.
Македонија
„Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост.
Во СДС врие и револтот веќе никој не го крие, се погласно и се поотворено членовите, активистите и поранешни функционери зборуваат дека Венко Филипче веќе нема никаков кредибилитет и дека со секој изминат ден дополнително ја тоне партијата.
Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат на СДС во историјата на партијата, Филипче повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место, освен во себе.
Со барањето други кривци за поразот и со тоа што не поднесува оставка, Филипче само покажува дека е личност без морален интегритет и доблест.
Наместо тоа, гледаме како Венко Филипче продолжува со истите партиски комбинации, со истите луѓе и со истите веќе видени матрици. Изборот на Александар Трајановски за негов заменик, е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно таа партиска матрица и влијание што СДС го доведе до колапс.
Партиските членови, активисти и симпатизери, но и граѓаните гледаат дека вакво раководство нема ниту план, ни визија, ниту пак сила и доблест за промени.
Едно е сигурно, СДС со ваков партиски врв оди во уште поголема пропаст и ако продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо, сакале тие да признаат или не“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

