Македонија
Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.
На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.
Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО-интеграциите на Република Македонија и се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на севкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен успешен, професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кирков: ЈП Лајка не ги исполни очекувањата на скопјани, кога ќе се смени Арсовска сите претпријатија ќе профункционираат
„Внимателно го разгледав 9 месечниот финансиски извештај на ова Јавно претпријатие. Како советник и како активист, како љубител на животни некој кој најмногу се радуваше за отворање на ваков тип на претпријатие имам неколку забелешки за недомаќинското работење на ова Јавно претпријатие“, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков во своето воведно обраќање на денешната седница за советнички прашања на Град Скопје, по однос на разгледување на финансискиот извештај и за целокупното работење на ЈП Лајка заклучно септември оваа година.
Кирков напомена дека претпријатието Лајка нема видливи резултати, исто така посочи дека единствено што може да се забележи се исполнети билтени на МВР од луѓе кои се нападнати од кучиња и незадоволни туристи.
„Функционира повеќе од 8 години и ние не можеме да се пофалиме дека гледаме видливи резултати. Напротив гледаме дека билтените на МВР се полни од луѓе кои се нападнати од кучињата скитници кои се во Скопје. Разговараме за град на култура, град на туризмот, сакаме да привлечеме туристи. А во сите оние портали каде се рекламира Скопје како град кој што треба да се посети стои забелешка “Внимавајте Скопје е преполно од кучиња бездомни“ и тоа е навистина жално“, дециден беше Кирков.
Според Кирков доколку се разгледа детално финансискиот извештај она што јасно се забележува е одлевање на огромна сума на пари од касата на Град Скопје. Јавно побара да добие одговори од надлежните на ова претпријатие се со цел да може да биде известена македонската јавност.
„Доколку го разгледате детално финансискиот извештај, ќе забележите дека има стотици илјади евра кои се одлеваат од касата на Град Скопје, пари на граѓаните. Ние како советници треба да знаеме каде завршуваат нашите пари. ЈП Лајка не ги исполни очекувањата на скопјани, ситуацијата во Скопје е алармантна, очекувам целосна ревизија во ова претпријатие и ќе побараме одговорност“, заклучи Кирков.
Според него кога ќе се смени градоначалничката Арсовска сите претпријатија ќе профункционираат, не само ЈП Лајка.
Македонија
Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, таа наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, повторно магично исчезна.
„Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките.
Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност. Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси“, додаваат од владејачката партија.
Во спротивно, како што велат, ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. „Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, дополнуваат во реакцијата.
Македонија
(Видео) Трајчулевски: ВМРО-ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за изградба на пат и развој на туризам во демирхисарско
ВМРО – ДПМНЕ одби уште два амандмани на СДСМ, со кој се бараат средства за изградба на локален пат во демирхисарскиот регион, кој ќе биде од значење за населението, но и за развој на туризмот во земјата, информираат од СДСМ.
– СДСМ бара да се обезбедат средства за изградба на локален пат од населено место Сопотница до манастирот „Св. Атанасиј“ во општина Демир Хисар. Овој манастир, не е само религиозно, туку е и културно и туристичко наследство, не само за локалното населението, туку и за Македонија. Исто така да се издвојат средства и за реконструкција на локалниот пат од Слепче до манастирот Св. „Јован Претеча“ и ова е важно за да се подобри пристапот до овој манастир но и за развој на туризмот во овој крај“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, комисијата за финансирање на буџет.
Покрај овој амандман, како што истакнува Трајчулевски, беше предложен и амандман за реконструкција на локален пат во населено место Смилево, Демир Хисар, за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што Смилево, има историско, туристичко и културно значење за нашата држава.