Забава
Жена поверува дека Крис Хемсворт сака авантура со неа и остана без 13.000 евра
Мајка на две деца остана без 13.000 евра бидејќи измамници ја навеле да помисли дека му се допаѓа на Крис Хемсворт, пишува „Сибериан тајмс“.
Четириесет и двегодишна жена од Иркутск во Русија започна на социјалните мрежи да добива пораки од човек кој себеси се претставил како Крис Хемсворт и ја убедувал да подигне заем од 13.000 евра. Тој ѝ кажал дека му требаат пари за да го паркираа својот приватен авион на локален аеродром и дека сака романтична авантура со неа.
„Јас не сум негов фан, но тој е многу убав човек. На интернет прочитав дека тој е оженет и има три деца. Помислив дека сме во иста ситуација. Во брак, но осамени”, изјави таа за локалните медиуми.
Исто така, ѝ се јавило и лице кое ѝ се претставило како адвокат на актерот со кого се договорила околу деталите за исплатата.
„Тој ѝ рекол дека Крис е во неволја и дека треба да му уплати пари за кредитна картичка, осигурување и паркинг на авионот. А како гаранција дека ќе ѝ ги врати парите, тој ѝ испратил копија од возачката дозвола на актерот“, откриваат од полицијата.
По извршената уплата, измамникот едноставно го избришал лажниот профил од кој ѝ се јавувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,