Македонија
Макрадули: Ќе се менува начинот на затоплување на две основни училишта поради загадувањето

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска информираа за дел од мерките кои Општината ги презема за почиста животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, согласно со Планот за чист воздух.
„Денешната посета на општината има два повода, едниот е акцијата што ‘Комунална хигиена’ ја прави со основните и средните училишта, за едукација на децата за рециклирање на отпадот, на хартијата. Навистина беше прекрасно да се види сè она што децата и најмладите го имаат направено. Тоа е патот, како да ја подигнуваме јавната свест од најмала возраст, да бидат вклучени во процесот и во образувањето како да се справуваме со отпадот“, истакна заменик-министерот Макрадули.
Дополнително, тој информираше дека во рамки на Планот за чист воздух, кој е стратешки приоритет на Владата на Република Македонија, започнати се подготовки за промена на начинот на затоплување на две основни училишта во оваа општина, ОУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ и ОУ „Тихомир Милошевски“.
„Во рамки на Планот за чист воздух, во партнерски однос со деловната заедница интервенираме и ќе ја замениме нафтата како извор на затоплување со еколошки извор на затоплување“, рече заменик-министерот Макрадули, потенцирајќи дека овие две училишта ќе бидат опфатени со активностите за 2019 година.
Градоначалникот Наумоски одговарајќи на новинарско прашање за идните планови, подвлече дека досега општината немала ниту еден проект за енергетска ефикасност, посебно во однос на заштитата на најранливата категорија, децата и учениците.
Истовремено тој додаде дека за контрола и намалување на депониите воведени се и две смени во инспекциските надзори. Во општината започната е и обуката на дел од вработените за изработка на проекти од животната средина со поддршка на пристапните фондови на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево и топло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.
Македонија
Мицкоски вечерва на Македонскиот фолклорен фестивал во Пустец, Албанија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе ја посети Општина Пустец, Албанија. Генералниот секретаријат најави дека премиерот ќе се обрати на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа кој се огранизира во Пустец, Албанија.
Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец со почеток во 18 часот. Ќе настапат фолклорни групи и културно-уметнички друштва од Северна Македонија и Мала Преспа, кои ќе ги претстават богатствата на македонското културно наследство.
Настанот се одржува под мотото „Единство, традиција и гордост на едно место“, а го организираат Општина Пустец, македонското друштво „Преспа“, и институции од Албанија и Македонија, со поддршка од Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.
Македонија
Денес се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор

На територијата на државава денеска до 18 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 14 се активни, а по четири се под контлола и изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има: во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација); Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, крак према с. Градешница и границата со Р. Грција (мешана шума); Општина Прилеп 2 – активен кракот кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци), додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација); Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Општина Струмица – с. Баница и нас. Софилар (висока трева); Општина Петровец – с. Средно Коњаре, кај реката Пчиња (ниска вегетација и ниска шума); Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце кон с. Бењаковце (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинце (ниска вегетација); Општина Куманово – нас. Бедиње (ниска вегетација); Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација); Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); и Општина Василево 2 – с. Сушево (ниска вегетација).
Под контрола се ставени пожарите во Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);.
Изгаснати се пожарите во Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); и Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија).