Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше експресно чист воздух, а две години нема преземено ништо
Петре Шилегов мора да престане да си игра игри, а Јани Макрадули мора да се разбуди за да се преземат мерки бидејќи граѓаните секојдневно се гушат во отровите што ги вдишуваат, реагираа и денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат или да престанат да спијат и да си играат или да си заминат и да остават некој што сака и знае да ги решава проблемите на граѓаните.
„СДСМ ја зацрни државата. Ветија чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, а две години откако се на власт немаат спроведено ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. Скопје руши рекорди во ниво на загаденост на воздухот со канцерогени ПМ10 честички, а Шилегов за време на собраниска дискусија за пронаоѓање решенија игра игри на телефон, заменик-министерот за животна средина, Макрадули, спие, а министерот Дураку вели дека воопшто нема гајле што ќе кажат граѓаните. Шилегов, Дураку и Макрадули како најповикани за решавање на проблемот со загадениот воздух со своите постапки покажуваат дека немаат за воздухот, а уште помалку за граѓаните. Две години по лажните ветувања граѓаните се чувствуваат изманипулирани“, стои во соопштенеито на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека две години нема ниедна мерка за подобрување на квалитетот на воздухот и граѓаните константно во зимскиот период ги полнат болниците низ државата како последица на проблеми со срцето и белите дробови предизвикани од екстремно загадениот воздух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта
Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.
„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.
Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.
Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.
ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.
ПР
Соопштенија
Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025
ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!
Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.
Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.
Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.
Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.
Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.
ПР текст
Соопштенија
Карванот „Зимска новогодишна бајка“ на „Државната лотарија“ шири магија во Скопје
Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.
Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.
Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.
Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.
Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.
Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.
АГЕНДА
Oд 18:00ч до 23:00ч, на следните датуми и места во Скопје:
21 – сабота – Општина Ѓорче Петров на плато во паркот;
22- недела – Општина Кисела Вода, кај крстот во Драчево;
24 – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;
26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);
28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;
29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.
(ПР)