Контакт

Соопштенија

Петкоска: Градоначалникот Стојаноски со пратениците Лазаревска и Тунтев оставија пристаништето да се распаѓа пред очите на охриѓани

Објавено пред

Градоначалникот Стојаноски со пратениците Лазаревска и Тунтев оставија пристаништето да се распаѓа пред очите на охриѓани, обвини денеска на прес-конференција Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Совршен ќе беше планот за живот штоСДСМ им го презентираше на граѓаните, ако не останеше буквално сè само на хартија. Заслужува ли Охрид, град под заштита на Унеско, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите? Градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, кои очигледно го заборавија не само Охрид и охриѓани, туку и Охридското Езеро, да се одважат и да пропешачат по кејот за да ‘уживаат во глетката’“, изјави Петкоска.

Таа додава Охрид не бара многу, земете го министерот за транспорт и врски исто онака како што зад превезот на европска Македонија пропагиравте промена на името и видете ја очајната состојба на охридското пристаниште, кое безнадежно моли за реконструкција, изјави Петкоска.

„Каде ви е ветената реорганизација на Капетанијата на пристаништата, со обезбедување на опрема и кадар? Замислете ќе имавме дури и хидроавиони за посебни намени, модерен туризам и паметен урбан развој од кои нема ни трага ни глас. Зошто Охридското Езеро нема концесионер, и со која цел ЕЛЕМ си поигрува со водостојот на езерото? Ова ли е веднаш ветуваната грижа за Студенчишкото Блато?“, изјави советничката во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Крајно време е да ги затегнете надлежните институции и конечно да почнете да мислите за иднината на овој град. Фреквенцијата на пловилата се зголемува и местото станува тесно, а со доаѓањето на зимата уште повеќе ќе се оштети. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се изнајде начин за итно решавање на ова прашање, кое не смее да биде оставено на забот на времето, вели Петкоска.

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025

Објавено пред

ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!

dobivaj vesti na viber

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.

Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.

Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.

Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.

Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Карванот „Зимска новогодишна бајка“ на „Државната лотарија“ шири магија во Скопје

Објавено пред

Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.

dobivaj vesti na viber

Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.

Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.

Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.

Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.

Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.

Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.

Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.

АГЕНДА

Oд 18:00ч до 23:00ч, на следните датуми и места во Скопје:

21 – сабота – Општина Ѓорче Петров на плато во паркот;

22- недела – Општина Кисела Вода, кај крстот во Драчево;

24 – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;

26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);

28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;

29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ34 минути

Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени

Судир на четири автомобили се случи вчераа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, пришто тројца возачи се здобија со тешки...

Македонија3 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Свет4 часа

Белата куќа: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека има рани индикации оти Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот...

Македонија5 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет5 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет5 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија19 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија19 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија24 часа

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија1 ден

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија1 ден

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија1 ден

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет1 ден

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет1 ден

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет1 ден

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...