Економија
Анѓушев и Танаскоски: Новиот концепт ќе ги олесни царинските процедури
Олеснувањето на административните царински процедури и забрзувањето на прекуграничниот транспорт на стоки се само некои од придобивките од воведувањето на концептот на овластен економски оператор, заклучија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски, на денешната четврта по ред работилница, каде што пред бизнис-заедницата е претставен концептот.
Воведувањето на овластен економски оператор како концепт е дел од активностите кои Владата ги реализира во рамките на Берлинскиот процес, за интензивирање на економската соработка на земјите од регионот на Западен Балкан, како и за повисоко ниво на соработка на земјите членки на ЦЕФТА, но и како подготовка за пристапување кон европскиот пазар.
„Овластениот економски оператор е титулар кој една компанија треба да го поседува за да има олеснети царински процедури, не само во Македонија туку и во регионот. Практично, доколку една извозно ориентирана компанија се стекне со назив овластен екномски оператор, во тој случај производите директно од фабрика, со олеснети процедури, побрзо ќе транзитираат во земјите кои се опфатени со Берлинскиот процес. Сметам дека процесот на олеснување на административните процедури е комплементарен процес со изградбата на инфраструктурата во земјата, затоа што нема да ги постигнеме посакуваните ефекти, ако со изградба на квалитетни патишта и железница се скуси патувањето на стоката за 20-ина минути, а потоа на граничните премини производите стојат повеќе часови. Извозните компании треба да го препознаат овој концепт како можност за подигнување на сопствената конкурентност на меѓународните пазари“, потенцира Анѓушев
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски, на настанот ги промовираше новините во царинското законодавство и олеснувањето и забрзување на царинските постапки.
„Кога зборуваме за новините во царинското работење би сакал да ве информирам дека неодамна Царинската управа го прифати новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА. Значајна новина што ја воведуваме со овој систем е замената на царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола. Друга новина во царинското работење е воведувањето на концептот овластен економски оператор во Република Македонија и истиот има огромна улога во идното царинско опкружување. Без никаков сомнеж, можам да кажам дека ОЕО е токму тој ‘плус’, таа ‘додадена вредност’, што ја прави меѓународната трговија побезбедна, побрза, поефикасна. Токму во тој контекст, Царинската управа силно ќе го промовира развојот на ОЕО и на тој начин ќе придонесува за вклучување на македонските компании во глобалниот синџир на снабдување и зголемување на извозот. Царинењето на стоките во прекуграничната трговија е од исклучителна важност за подобрување на конкурентноста, како на извозниците, така на увозниците“, нагласи Танаскоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

