Забава
Џорџ и Амал Клуни кумови на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, според „Дејли мејл“

Според „Дејли мејл”, семејството на Клуни е убедено дека актерот и неговата сопруга адвокат ќе бидат кумови затоа што во последно време станале многу блиски со помладиот син на принцезата Дијана и неговата сопруга, која исто така била актерка пред да стапи во брак.
Братучедот на Клуни, Бен Бреслин, изјави дека верува оти 57-годишниот Џорџ ќе биде одличен кум.
„Тој е добар човек”, рече тој, додека другиот член на семејството, кој не се претстави, рече дека и самиот Џорџ бил убеден дека со кумство ќе се поврзе со Хари и Меган.
Меган и Амал одамна се дружат, а откако се запознале и нивните сопрузи почнале да се дружат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез го промени изгледот за улога: „Изгледа неверојатно со руса коса“

Џенифер Лопез глуми во претстојниот мјузикл „Бакнежот на жената-пајак“.
Пејачката и актерка објави трејлер за мјузиклот, а во некои сцени изгледа речиси непрепознатливо. За филмот делумно ја заменила кафеавата коса со руса.
„Изгледа неверојатно со руса перика“, „Џеј Ло ги напаѓа Оскарите“, „Конечно ќе добие номинација за Оскар“, „Ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам да го видам филмот, Џеј Ло изгледа и звучи неверојатно“, се некои од коментарите под трејлерот.