Контакт

Крвав четврток

(Видео) Кацарска поставуваше прашања што не се во согласност со законот, смета адвокатката на шефот на обезбедувањето на Вељаноски

Објавено пред

Ружица Николовска, адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по денешното сведочење на Ѓошевски изјави дека судијката Добрила Кацарска на обвинетиот му поставувала прашања што не се во согласност со Законот за кривична постапка.

dobivaj vesti na viber

„Самиот суд поставуваше прашања што не е во согласност со ЗКП, со дополнителни разјаснувања, за што сметам дека секој од нас ќе го смета на свој начин. Недозволиво е за кого било да се даваат коментари. Имаше моменти каде што имаше опуштена атмосфера и смеење, но сметам дека во давањето исказ на еден обвинет, особено на некој кому му се става на товар вака сериозно кривично дело би било соодветно секој од нас да се воздржи од какви било коментари“, рече Николовска.

На новинарското прашање дали Ѓошевски и помагал на толпата да стигне до прес-центарот, Николовска рече дека од денешната изјава не може да се дојде до таков заклучок и дека невиноста на обезбедувањето на Вељаноски ќе се утврди со понатамошните докази на другите обвинети.

По сведочењето, изјава за медиумите даде и самиот Ѓошевски во која истакна дека остава на судот како ќе го истолкува неговото сведочење за 27 април во Собранието каде бил присутен по наредба на претпоставен.

„Јас си кажав кои биле моите работни обврски и зошто сум се појавил во Собранието тој ден, односно дека сум бил службено по барање на мојот претпоставен.Моите постапки се преточени во нашите решенија за работа и таму е децидно кажано кои се моите ингеренции и каде можам јас да постапам“, рече Ѓошевски, кој тврди дека не помагал во координација на толпата внатре во Собранието.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија12 часа

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија12 часа

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија13 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија14 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија16 часа

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија17 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија17 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија17 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија17 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија17 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...

Македонија20 часа

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија20 часа

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија21 час

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија21 час

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет21 час

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет23 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа23 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...