Свет
САД бара од Кина да ги ослободи двајцата Американци пред самитот во Аргентина

Висок американски функционер побара од Кина да ги ослободат двајцата американски граѓани на кои веќе половина година не им е дозволено да излезат од државата. Тој побара тие да бидат ослободени пред самитот што треба да се одржи во Буенос Аирес на крајот на оваа недела.
Виктор и Синтија Лиу, како и нивната мајка Сандра Хан, наводно, не може да ја напуштат државата бидејќи кинеските власти ги коритат за да му извршат притисок на татко им Ли Чангминг да се врати во Пекинг. Тој е бегалец кого го бараат за финансиски криминал.
Во вторникот американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, побара на „Твитер“ – „овие Американци да им биде дозволено да се вратат дома“.
Иако и двајцата се родени во САД, Кина ги смета за свои жители и подлежни на нејзината јурисдикција. Кина го обвини семејството Лиу дека е вклучено во економски криминал.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со кинескиот лидер Шји Џјинпинг на самитот Г20 во Аргентина, каде што ќе разговараат за можен крај на трговската војна меѓу САД и Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.