Контакт

Култура

Меморијата е креација: Современ израелски филм во Кинотека

Објавено пред

Кога славниот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркес (1927-2014), вистинска икона на Латинска Америка не само во културолошка туку и во цивилизациска смисла, пред неизбежниот крај на биолошкиот живот poради болеста започнал да го губи помнењето, неговите почитувачи со горчина се сеќаваа на максимата што го обележа творештвото на овој автор: „Меморијата е креација“ („La memoria es una creación“)!

dobivaj vesti na viber

Инспирацијата ќе ја најдеме секаде и во секое време, но меморирањето на дестилираните теми и идеи, вообличени во повеќе или помалку личен авторски ракопис – сетете се на романите „Сто години самотија“, „Есента на патријархот“, „На полковникот нема кој да му пишува“ – е токму онаа креација по која трагаат творците. Во годината кога државата Израел слави 70 години од постоењето, таа креација во нејзината кинематографија не случајно се потпира на меморијата.

Безбројните наслаги на колективното несвесно низ историјата и митовите на еврејскиот народ и личниот поглед на креаторот како ангажман се потребните состојки на оној амалгам што го посакува секоја култура.

Ако за некој народ важи предубедувањето дека ја негува меморијата за сопственото постоење, тогаш тоа е сигурно е еврејскиот народ. Не се потребни многу потсетувања за оваа теза, но дури и еден инстант преглед низ најпознатите филмски наслови на автори од еврејско потекло го потврдуваат тоа.

Стојан Синадинов

3 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
ВРВКИ
( Sruchim/ Laces)
Игран филм, Израел
2018, 98 мин., колор, ДСП
Режија: Јаков Голдвасер (Jacob Goldwasser)
Сценарио: Хаим Мерин (Haim Merin)
Улоги: Нево Кимхи (Nevo Kimchi), Дов Гликман (Dov Glickman), Евелин Хагоел (Evelin Hagoel)
Гади е дете возрасен со благи пречки во развојот, со уникатна смисла за хумор, со заразно смеење и бескраен оптимизам. Ненадејната смрт на мајката го принудува привремено да се пресели во куќата на својот биолошки татко, од кого бил отуѓен речиси цел живот. Рувен, таткото на Гади, заглавен во сопствените проблеми, никогаш особено не ја сакал комуникацијата со својот чуден син. Но, скриената љубов меѓу таткото и синот се зацврстува сè повеќе како што повторно се запознаваат. Бескрајниот оптимизам на Гади ќе ги утешува во време кога ќе мора да се справуваат со турбуленциите на животот.

4 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
НУЛА МОТИВАЦИЈА
(Efes be-yachasei enosh / Zero Motivation)
Игран филм, Израел
2014 г., 97 мин., колор, ДСП
Режија: Талија Лави (Talya Lavie)
Сценарио: Талија Лави (Talya Lavie)
Улоги: Дана Ивги (Dana Ivgy), Нели Тагар (Nelly Tagar), Шани Клајн (Shani Klein)
Во далечна пустинска воена база група млади жени војници, сите израелски регрути, служат војска играјќи компјутерски игри, пеејќи поп-песни и заговарајќи како да ги префрлат на служба во Тел Авив додека им служат кафе на мажите кои ги држат конците. Ова е израелски филм исполнет со интелигентни, бистри жени со смисла за хумор кои ги користат хефталиците како автоматско оружје. Ако постои војна, тогаш тоа е војна против досадата, лошите униформи, глупавите правила и правењето на една работа по трипати. Првиот филм на Талија Лави е одговорот на Израел на Лена Дунам, сценаристот на серијата Девојки на HBO: Нула мотивација освои урнебесни критики и огромна публика.

5 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.
СПАСУВАЈЌИ ГО НЕТА
(Lehazil еt Neta / Saving Neta)
Игран филм, Израел
2016 г., 90 мин., колор, ДСП
Режија: Нир Бергман (Nir Bergman)
Сценарио: Еран Бар Гил (Eran Bar Gil), Нир Бергман (Nir Bergman)
Улоги: Ротем Абухаб (Rotem Abuhab), Ема Алфи Ахарон (Emma Alfi Aharon), Наама Арлаки (Naama Arlaky)
Четири жени со хаотичен живот запознаваат мистериозен странец, Нета, чија чесност и чувствителност им помага повторно да се поврзат со нивните семејства. Кога животот на Нета ќе тргне во погрешен правец, тој прави сè што може за да се врати на вистинскиот пат. Неговата приказна се раскажува преку средбите што ги има со овие жени во текот на една година, во клучни пресвртници и за нив и за него. Секој лик е одраз на друг лик и прашањето што се поставува во една понекогаш се одговара во друга приказна.

6 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
СЛАТКАРОТ
(Haofeh mi Berlin / The Cakemaker)
Игран филм, Израел/Германија
2017, 105 мин., колор, ДСП
Режија: Офир Раул Грејзер (Ofir Raul Graizer)
Сценарио: Офир Раул Грејзер (Ofir Raul Graizer)
Улоги: Сара Адлер (Sarah Adler), Зохар Штраус (Zohar Shtrauss), Тим Калхоф (Tim Kalkhof), Сандра Саде (Sandra Sade), Рој Милер (Roy Miller)
Томас, млад германски пекар, има афера со Орен, женет Израелец, кој често патува во Берлин поради бизнис. Кога Орен ќе загине во сообраќајна несреќа во Израел, Томас патува во Ерусалим за да најде одговори за неговата смрт. Под измислен идентитет, Томас се инфилтрира во животот на Анат, вдовицата на неговиот љубовник, која е сопственик на едно кафуле во Ерусалим. Тој почнува да работи за неа – прави германски торти и колачи, кои ќе го вратат во живот нејзиното кафуле. Томас се вклучува во животот на Анат на начин на којшто воопшто не очекувал и за да ја скрие вистината, ја проширува лагата до граници од каде што нема враќање.

7 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.
НА МАПАТА
(On the map)
Документарен филм, САД
2016, 85 мин., колор, ДСП
Режија: Дани Менкин (Dani Menkin)
Сценарио: Дани Менкин (Dani Menkin)
НА МАПАТА ја раскажува приказната за европскиот шампион во 1977 година, Макаби од Тел Авив, кој ја освојува титулата во време кога Средниот Исток сѐ уште заздравува од војната на Јом Кипур во 1973, олимпискиот масакр во 1972 во Минхен и киднапирањето на летот на „Ер Франс“ од Тел Авив во 1976. Преку призмата на спортот, НА МАПАТА зборува за тоа како еден тим успеа да ги освои срцата на нацијата сред домашни превирања и глобалните махинации на Студената војна.
Филмот раскажува како еден „аутсајдер“ израелски кошаркарски тим однесе победа над европските кошаркарски велесили, вклучувајќи го и ЦСКА Москва (на Западот познат и како „Црвената армија“), тим што одбивал да се натпреварува со Израелци. Веднаш по оваа историска и емотивна победа, израелско-американскиот херој Тал Броди стана нераскинлив дел од историјата на младата држава кога изјави: „Израел е НА МАПАТА, не само во спортот туку во сѐ“.

СИРИСКИОТ ПАЦИЕНТ
(Hapaтzua Hasuri / The Syrian Patient)
Документарен филм, Израел
2017 г., 61 мин., колор, ДСП
Режија: Рахели Шварц (Racheli Schwartz)
Под закрила на темнината, група војници пренесуваат ранети Сиријци во Израел.
Ова е нераскажаната приказна за херојство во тешки услови. Како што беснее војната во Сирија, ранети војници и цивили тајно се пренесуваат во Израел за помош. Овој филм за првпат ни дава можност да фрлиме поглед во комплексните и трогателни врски меѓу поранешните непријатели – пациентите и докторите. Сведоци сме на приказните на неколкумина Сиријци кои се будат во израелска болница. Можеби претходно би се чувствувале дека се на непријателска територија, но сега препознаваат дека хуманоста и надежта се можни во овој свет. Филмот ја прикажува хуманоста меѓу луѓето, Сиријци и Израелци, од различна перспектива: поранешните непријатели стануваат партнери во борбата за живот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.

dobivaj vesti na viber

Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.

Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.

Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.

„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.

Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.

Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија

Објавено пред

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.

dobivaj vesti na viber

Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.

Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.

Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Целосна ПРОГРАМА

Прикажи повеќе...

Култура

Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

Објавено пред

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 час

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 час

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 час

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа2 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија10 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет14 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет15 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет22 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет22 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет22 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет23 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет23 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...