Забава
Мајкл Џ. Фокс зборуваше отворено за борбата со Паркинсовата болест
На 29-годишна возраст на Мајкл Џ Фокс му е дијагностицирана Паркинсова болест.
За ова невродегенеративно заболување, чии симптоми се развиваат бавно, нема вистински лек, но можностите за лекување варираат и може да вклучуваат лекови и операции.
Ѕвездата на „Враќање во иднината“ откри дека по веста се свртел кон алкохол. „Почнав да пијам премногу”, рече тој. „Но злоупотребата на алкохол доведе до тензии во мојот брак, кој отсекогаш бил добар, но по овој лош период – стана уште подобар.”
Фокс е во брак со Трејси Полан од 1988 година и тие имаат четири деца.
Фокс во почетокот се плашел поради дијагнозата, но денес, на 57-годишна возраст, не сака да дозволи неговата болест да го спречи да ужива во животот. Со својата фондација сака да ги инспирира другите заболени од Паркинсова болест и да им покаже дека дури и со таква дијагноза може да се живее квалитетно.
Фокс, претходно оваа година, за списанието „Пипл“ откри како сето тоа започнало. Едно утро во 1990 година се разбудил и видел дека неговиот мал прст на левата рака неконтролирано се грчи. Само една година подоцна невролог му кажал дека станува збор за рани знаци на Паркинсова болест.
Кога веста ја споделил со сопругата, тие се гушкале и плачеле. Потоа се свртел кон алкохолот во обид да ја намали болката. Празните шишиња ги криел од сопругата, а потоа, во 1992 година, таа го нашла во бесвесна состојба на каучот и со пиво истурено на тепихот, а покрај него бил нивниот тогаш тригодишен син Сем. Тоа бил неговиот последен пијалак.
Откако се отрезнил, почнал да посетува терапевт кој му помогнал да го прифати новиот живот со Паркинсова болест.
Неговиот живот стана подобар кога ги доби близнаците Акина и Шулер во 1995 година, а потоа Исма 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најздравите луѓе се раѓаат во овие четири хороскопски знаци
Здравјето е комбинација од генетика, навики и како се справуваме со стресот и секојдневните предизвици. Некои луѓе се природно поотпорни и побрзо се опоравуваат ако се појават проблеми.
Тие често имаат стабилна енергија, добра рамнотежа помеѓу обврските и одморот и ги слушаат сигналите на своето тело. Астрологијата верува дека одредени хороскопски знаци имаат поголема склоност кон таква отпорност. Според ѕвездите, најздравите луѓе често се раѓаат под овие четири знаци.
Бик
Луѓето родени под овој знак се познати по својата стабилност и силна врска со своите тела. Тие обично имаат добро чувство за граници и знаат кога да забават. Не се исцрпуваат непотребно и ретко ги игнорираат знаците на замор. Тие сакаат рутина, што им помага да одржат рамнотежа и стабилно здравје. Токму оваа умереност често ги штити од вообичаени болести.
Девица
Девицата е знак кој природно обрнува внимание на деталите, вклучувајќи го здравјето и секојдневните навики. Луѓето родени под овој знак имаат тенденција да ги набљудуваат своите тела и да реагираат на промените. Тие често обрнуваат внимание на нивната исхрана, хигиена и редовен одмор. Не сакаат хаос, па затоа им одговара организиран начин на живот. Затоа тие често успешно се справуваат со помали здравствени проблеми пред да се влошат.
Јарец
Луѓето родени под знакот на Јарец се познати по својата издржливост и силна дисциплина. Иако работат повеќе отколку што треба, ретко ја губат контролата врз себе. Имаат висока толеранција на стрес и ретко паничат поради помали заболувања. Нивното тело често се прилагодува на тешки околности. Токму оваа ментална и физичка отпорност ги поврзува со доброто здравје.
Лав
Лавовите имаат силна животна енергија и природна виталност. Луѓето родени под овој знак често се полни со сила и оптимизам. Не сакаат да се чувствуваат слаби, па затоа инстинктивно се грижат за себе кога ќе забележат пад на енергијата. Со позитивен став, тие можат полесно да се справат со предизвиците и стресот. Оваа комбинација на енергија и самодоверба често се рефлектира во нивното здравје.
Забава
(Фото) Анџелина Џоли за прв пат ги покажа лузните од мастектомијата
Анџелина Џоли ја краси насловната страница на списанието „Тајм Франс“, а ова е прв пат јавно да ги покаже лузните од двојната мастектомија во 2013 година. Таа имала превентивна операција на градите поради високиот ризик од рак на дојка, истиот рак од кој почина нејзината мајка.
Таа позираше за насловната страница на списанието во целосно црн фустан, а својот стил го комплетираше со едвај забележлива шминка и лабава фризура.
„Ги делам овие лузни со многу жени што ги сакам“, изјави таа за списанието. „И секогаш ме трогнува кога гледам други жени како ги споделуваат своите“.
Таа додаде: „Сакав да им се придружам, знаејќи дека „Тајм Франс“ ќе споделува информации за здравјето на дојките, превенцијата и свеста за ракот на дојка“.
За потсетување, мајката на Анџелина Џоли, актерката Маршелин Бертран, почина во 2007 година на 56-годишна возраст. Во нејзината колумна за „Њујорк тајмс“ од 2013 година, „Мојот медицински избор“, Џоли откри дека носи „погрешен ген“, BRCA1, кој значително го зголемува нејзиниот ризик од развој на рак на дојка.
„Сакав да го напишам ова за да им кажам на другите жени дека одлуката за мастектомија не беше лесна“, напиша таа во тоа време. „Но, тоа е одлука за која сум многу среќна.
Моите шанси за развој на рак на дојка се намалија од 87 проценти на помалку од 5 проценти. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се плашат дека ќе ме изгубат од рак на дојка.“ Две години подоцна, во март 2015 година, на Џоли ѝ беа отстранети и јајниците и јајцеводите како превентивна мерка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ залуде со својот изглед: „И таа има 62 години?“
Филипин Лерој-Болие присуствуваше на премиерата на петтата сезона од популарната серија на Нетфликс „Емили во Париз“. За таа пригода, таа одлучи да облече црна тоалета која ја истакнуваше нејзината витка фигура и ги натера љубопитните очи да се запрашаат – дали оваа жена навистина има 62 години?
Таа избра фустан од Сен Лоран направен од црна чипка, украсен со подолг дел одзади и мини должина напред.
Оваа креација уникатно го истакнува целиот сексапил на жената што ја носи, а отворениот грб не треба да се изостави – совршениот детаљ што го комбинира гламурот и провокативниот момент на ова модно парче.
Стајлингот го надополни со впечатлива шминка, дискретни додатоци и малку брановидна фризура.

