Македонија
Илиоски до Димитров: Нема да сме повеќе Македонија, ќе бидеме Северна Македонија, а вие цитирајте закони и устави

Меѓусебни обивнувања на власа и опозицијата и расправии за тоа кој создал поделби во македонското општество на денешната собраниска расправа за уставните амандмани.
Пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, праша што ќе направи Владата доколку во Грција не биде прифатен Договорот од Преспа и дали повторно ќе се пристапи кон уставни измени, за што претходно премиерот, Зоран Заев во Собранието истакна дека уставните амандмани ќе бидат дел од Уставот само ако Грција ја изгласа спогодбата и го поддржи Протоколот за пристапување во НАТО.
Заев воедно ги повика пратениците да ги поддржат измените произлезени од преспанскиот договор и да ги следат интересите на граѓаните. Дека амандманите ќе влезат во сила доколку Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО бидат изласани во Грција повтори и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Амандманот влегува во сила со одлука за прогласување и во таа одлука се наведени условите кога влегуваат во сила. Текстот, горе каде што се наведени сите амандмани, е одлуката и не знам кој има корист од повторно, упорно, повторување на нешто што е очигледно“, изјави Димитров и оцени дека поранешната Влада имала многу лоша надворешна политика, пред се поради, како што кажа, поранешниот лидер на партијата, Груевски кој сега е бегалец од правдата во Унгарија.
Димитров меѓудругото на пратениците од опозицијата им рече да престанат да се доведуваат граѓните во заблуда за уставнте измени.
„Член 1 вели страните се согласија македонски јазик, член 7 вели Македонија од оваа страна, македонско…значи да престанеме да ги доведуваме граѓаните во заблуда“, истакна Димитров.
„Нема да сме повеќе Македонија, ќе бидеме Северна Македонија, а вие цитирајте закони, устави, еден факт ќе остане и ќе биде очигледен, а тоа е дека без поддршка од најмалку половина граѓани од оваа држава го менувате уставното име, и уште поголем факт ќе остане, потписник на тој договор сте вие“, му реплицираше Илиоски на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

„Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа“, кажа денеска прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ.
„Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува. Субвенциите од минатата година за пиперката се уште не се исплатени. Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети. Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство. Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури. Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година. На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки“, истакна Димитриевски.
Македонија
(Видео) ЗНАМ: Обезбедуваме поддршка и квалитетни услови за живот на пензионерите во Куманово

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во редовното дневно претставување на изборната програма денеска зборуваше за пензионерите. Куманово е општина која е пријател на пензионерите. Затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја.
Затоа, наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани, изјави на денешната прес-коференција, кандидатката за советик во идниот мандат Гордица Бошковска.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:
• Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
• Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
• Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
• Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
• Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
• Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
• Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
• Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
• Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
• Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
• Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
• Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
• Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
• Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
• Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
• Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.
Според Бошковска, ваквите проекти, само покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово. Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што има ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени, вели таа.
Македонија
(Видео) Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен

Општина Центар е срцето на главниот град – место каде секој детал зборува за ликот, духот и вредностите на граѓаните кои живеат во неа. Но, во последните години, голем број станбени објекти се оставени на забот на времето, со дотраени фасади, нарушена естетика и сè поголеми енергетски загуби кои директно го погодуваат стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во својата изјава истакна дека обнова на објектите и фасадите ќе биде еден од приоритетите во неговата програма за поубав и пофункционален Центар.
„Секоја зграда е дел од идентитетот и душата на нашата општина. Старите згради ќе добијат нови, енергетски ефикасни фасади кои, покрај тоа што ќе го разубават просторот и ќе му дадат достоинствен изглед на Центар, ќе им донесат на граѓаните помали сметки за греење и поквалитетни услови за живеење,“ порача Лабудовиќ.
Тој нагласи дека модерниот Центар треба да биде пример за урбан развој со мерка, кој ќе ја спои естетиката со енергетската ефикасност, а грижата за секој жител ќе биде во сржта на секоја општинска политика.
„Центарци заслужуваат достоинствен живот. Со целосна реконструкција и современ изглед, ќе создадеме општина која ќе зрачи со убавина и ред, но и ќе обезбеди реални економски придобивки за секој граѓанин. Центар мора да го зачува својот дух и карактер, но и да чекори напред, во чекор со современите стандарди за живот,“ изјави тој.
Проектот за енергетска санација и обнова на фасадите е дел од пошироката визија на Лабудовиќ за модерен, чист и зелен Центар. Тој најави дека општината ќе аплицира и за европски фондови за поддршка на енергетската ефикасност и одржлив урбан развој, со цел граѓаните да добијат долгорочни решенија, а не само козметички промени.
„Овој проект не е само прашање на естетика, туку на подобар живот, пониски трошоци и поголема удобност. Сакам граѓаните да живеат во општина со убав изглед, чист воздух и ред. Центар заслужува да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен. Центар мора да биде убав!“ заклучи Лабудовиќ.