Македонија
Прва обука на тренери за спортски активности на лица со интелектурална попреченост

Во присуство на 60 учесници и 50 атлети, Специјална oлимпијада Македонија ja организираше првата обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот со поддршка на Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија.
На дводневнаата обука која изминатиот викенд се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, предавачи беа, Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа и Јени Хакинен –одговорна за развој на универзитетски кадри и младината за свесност за лицата со попреченост.

Специјалната олимпијада очекува зголемување на бројот на Јунифајд спортови во кои лица со интелектуална попреченост ќе спортуваат тимски со лица без попреченост
„Воочувајќи недостиг на стручен, обучен кадар за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот, Специјална олимпијада Македонија го даде својот придонес организирајќи ја обуката со која се подготви тренерски кадар, кој во иднина ќе ги предводи тренажните програми на нашата организација“, рече Ана Петровска национален директор на Специјална олимпијада Македонија.
Обуката опфаќаше практична и теоретска подготовка на тренерите, кои во иднина со својата стручност и професионален пристап треба да овозможат вклученост и развој преку спорт на што повеќе лица со интелектуална попреченост во земјава.

„Со обуката се подготви тренерски кадар, кој во иднина ќе ги предводи тренажните програми на нашата организација“, Ана Петровска национален директор на Специјална олимпијада Македонија
„Завршивме успешна обука во Скопје која е една од активностите кои глобално ги организира Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија со неколку цели, да се обучат што повеќе професионални тренери за работа за лица со интелектуална попреченост во различни спортови, особено во спортовите кои ги нуди нашата организација во Македонија, а воедно и проширување на понудата на спортови. Истотака да го зголемиме бројот на ателити кои ќе ги почувстввуаат бенефитите на спортувањето, но и ќе ја подобриме инклузијата во земјава, со зголемување на бројот на Јунифајд спортови во кои лица со интелектуална попреченост ќе спортуваат тимски со лица без попреченост“, потенцираше Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа.
Во рамки на обуката голем придонес дадоа и студентите на завршните години на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, кои покажаа огромен интерес за работа со лица со интелектуална попреченост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Прочитан е Мицкоски, обидот за партизација на судството нема да помине

„На Мицкоски му одговара партизирано судство преку кое ќе може да влијае на одлуките, и тоа не е ништо ново, граѓаните веќе го виделе тоа, а некои и го почувствувале на своја кожа“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево.
Филипче нагласи дека Мицкоски очигледно нема волја за реформа на судството, а одговорноста е исклучиво само кај него.
„Од уста не ги вади обвинителите, судиите, на кои им се закануваше јавно дека ќе ги избрка, дека ќе ги замени со други, дека не ја заслужуваат платата, но ништо суштински не презема за да се реформира правосудството. Театрални изјави без ниту еден донесен закон од реформската агенда за вистинско реформирање на правосудниот систем“, рече Филипче, додавајќи дека оваа власт не мисли добро на народот и државата.
„Власта на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата назад – во изолација, хаос и страв. Тие не нудат визија, нема иднина, го нудат минато. Го партизираат секој систем, ги злоупотребуваат институциите, ги забораваат граѓаните. Наместо ред и развој, ароганција, луксуз, корупција“, рече Филипче, нагласувајќи дека борбата за нашиот дом е борба за вредности и достоинство.
„Македонија не се брани со пароли и навреди, туку со резултати, со силни институции и со чесна власт. Овој патриотизам на Мицкоски со викање, навреди, поделби на народот и национализам не може да донесе ништо добро на државата и граѓаните. И токму затоа, СДСМ мора повторно да стане гласот на разумот, на народот и на иднината. Да ја врати државата таму каде што ѝ е местото — во рацете на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Чучер Сандево.
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“