Македонија
Најновите истражувања на УНИЦЕФ покажуваат дека општеството е поотворено за инклузија на децата со попреченост

Новото истражување за знаењата, ставовите и практиките на јавноста кон децата со попреченост покажува дека земјата постигна неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите што ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето заслужено место во општеството, информираат од УНИЦЕФ.
Речиси сите анкетирани сега сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, соученик и другар на деца со попреченост. Сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост и сметаат дека тие треба да учат во редовните училишта, заедно со нивните врсници, стои во соопштението.
„Стигмата честопати постои поради сознанија изградени врз стереотипи. Немањето информации, заблудите, изолацијата и сегрегацијата ги одржуваат ваквите стереотипи – па најдобар начин за решавање на стигмата е да се прекинат стереотипите“, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.
Тој додава дека резултатите од истражувањето покажуваат дека кога на децата со попреченост ќе им се даде можност да ги покажат своите способности, општеството може да ја надмине стигмата што ги спречува децата со попречност да се вклучат и да учествуваат во општеството.
Истражувањето, првично спроведено на почетокот од 2014 година, послужи како појдовна основа за интервенции за унапредување на правата на лицата со попреченост. Меѓу овие интервенции беше и кампањата „Биди фер, за детство без пречки“ финансирана од ЕУ и УНИЦЕФ, која поттикна дискусија за стигмата кон лицата со попреченост. Последователното истражување покажува дека е остварен неверојатен напредок во отстранување на пречките во знаењата и ставовите за инклузијата.
„Позитивните промени во знаењата, ставовите и практиките во општеството треба да бидат проследени со забрзано спроведување политики и програми за претворање на инклузијата во реалност за десетици илјади деца и возрасни со попреченост во земјата. Веруваме дека ова ќе иницира демократски барања за поголема инклузија и дека ќе ја забрза имплементацијата на системските реформи што се во тек за да се обезбеди секое дете да ја добие поддршката што му треба да оди на училиште со своите врсници, да добие здравствени и социјални услуги и за да им се стави крај на исклучувањето, изолацијата и на институционализацијата на децата со попреченост“, изјави претставникот на УНИЦЕФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните, повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа година, велат од СДСМ.
„Ова значи едно, животот е сѐ поскап, а власта нема ниту план, ниту капацитет да го заштити стандардот на граѓаните. Но, секако, има добар план да си ги покачува сопствените плати.
СДСМ повеќепати предупредуваше: цените растат и ќе продолжат да растат ако не се преземат мерките кои ги понудивме. Мицкоски се обидува да ги убеди граѓаните дека платите им растеле, но факт е дека единствено растат платите на неговите во Владата и институциите, додека народот едвај преживува“.
Оваа влада, додаваат од опозициската партија, нема економска визија, нема стратегија и нема емпатија. Оваа влада, според СДСМ, има само лични интереси и работи само за себе, и за никој друг.
СДСМ бара итна интервенција, конкретни мерки за заштита на стандардот, а не како што велат, лажни ветувања и манипулации.
„Граѓаните не може повеќе да бидат жртви на неспособноста и ароганцијата на оваа власт“.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ( Вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во С.Бразда ( општина Чучер Сандево )
· во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134. ( општина Сопиште )
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар. ( општина Карпош)
· од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково( општина Ѓорче Петров )
· и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска( општина Кисела Вода )
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.