Свет
Пробив за антимигрантската партија VOX на шпанските регионални избори
Десничарската популистичка партија VOX првпат влезе во шпанскиот регионален парламент кога освои 11 отсто од гласовите во Андалузија во неделата според анкетите. VOX освои 12 пратенички места во најнаселениот регион во Шпанија, пренесува „Ројтерс“.
За помалку од три години VOX се издигна од поддршката од еден отсто на 11 отсто и сега е трета по големина партија во андалузиската провинција Алмерија.
Резултатите во Андалузија, вообичаено левичарско упориште во кое живеат 20 отсто од населението во Шпанија, претставуваат прв голем успех за десничарскиот популизам во Шпанија, на чие чело во моментот е владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез.
EuropeElects објави дека изборниот пораз на централнолевичарската PSOE (S & D) на регионалните избори во Андалузија го одразува трендот на пад на популарноста на речиси сите левичарски, социјалдемократски и социјалистички партии во Европа. Социјалистите владеат во јужниот регион од крајот на владеењето на Франко во 1975 година, при што социјалистите не се мнозинство и освојуваат само 33 од 109 пратенички места.
Од другите партии, левичарската Подемос се проценува дека освоила само 17 пратенички места, десничарската Сјудаданос 21 место, а конзервативната Народна партија 26 пратенички места. Ова значи дека левицата би можела да ја изгуби контролата врз регионалниот парламент без доволно сојузнички партии, а Сјудаданос и Народната партија може да формираат коалиција со поддршка на VOX и другите за да добијат функционално мнозинство.
Гласачите на VOX доаѓаат и од левицата и од десницата, ослободени од политиката на естаблишментот. Партијата е основана во 2013 година како разгранок на конзервативната Народната партија на Хозе Антонио Ортега Лара, а претседател на партијата е Сантијаго Абаскал.
Рекламирајќи се како христијанска демократска партија, VOX се залага за правото на живот и го критикува мултикултурализмот, а е за силни национални граници тврдејќи – како претседателот на САД, Доналд Трамп – дека нацијата без граници не е нација. Абаскал, како и десничарскиот италијански популист Матео Салвини, ги обвинува невладините организации дека функционираат како такси-служба која тргува со мигранти од третиот свет во Европа, при што Шпанија стана фокусна точка за пристигнувања мигранти од Африка во последните месеци.
Главната цел на партијата, според Абаскал, е да ги стави Шпанците на прво место – исто како Трамп и неговата клучна филозофија – а генералниот секретар на партијата, Ортега Смит, на митингот во октомври изјави: „Заедно, повторно ќе ја направиме Шпанија голема!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

