Македонија
Показно-тактичка вежба за гаснење пожар во ОУ „Браќа Миладиновци“

Показно-тактичка вежба за гаснење пожар и евакуација на загрозени лица се одржа во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром.
Целта на вежбата, како што информираат од Општина Аеродром, била увежбување на наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за имплементирање на планските документи за дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.
„Претпоставената ситуација опфати пожар во кујната на училиштето предизвикан од електричната инсталација на кујнските апарати, од каде што се ширеше чад, што го зафати приземјето на објектот со закана за негово проширување во други ходници. Во времето на оваа претпоставена ситуација во училиштето се одвиваше редовна настава, а акцентот беше ставен на евакуација на учениците, наставниците и техничкиот персонал“, стои во соопштението од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.