Контакт

Крвав четврток

Сведоштво за 27 април: Кога излегов од Собранието, сфатив дека сме манипулирани од УБК

Објавено пред

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok

Владимир Атанасовски лично преку Александар Василевски – Нинџа ги остваруваше својот интерес и влијанието врз патриотските здруженија. Го праќаше Нинџа да раководи со нив, да се има целосна контрола врз патриотската мисла во Македонија, рече обвинетиот Михаил Младеновски на денешното сведочење за крвавиот четврток.

dobivaj vesti na viber

„На 27 април, околу 19.30 часот, кога излегов од Собранието сфатив дека сме манипулирани, искористени за тогашните функционери на УБК кои ја контролираа акцијата. Во февруари Никола Бошкоски лично ми кажа дека ситуацијата ќе ескалира, народот ќе влезе во Собранието во оној момент кога мнозинството ќе се обиде да избере претседател на Собранието. На прашањето како народот ќе влезе во Собрание кога ќе се соочи веројатно со отпор од полицијата, Бошкоски ми одговори дека ќе издејствува преку полициските станици да не се дава отпор, а оние што ќе го дадат да бидат повлечени кон толпата“, сведочеше Младеновски потсетувајќи се на својот разговор со началникот во УБК, кој сега е во бегство.

Младеновски идентично како и брат му Стефан сведочеше за организацијата на 27 април која била спроведена од страна на високи функционери од УБК, меѓу кои ексдиректорот Владимир Атанасовски и началникот Бошкоски.

Виктор Јованов

 

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Македонија4 часа

Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците

Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи...

Македонија4 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија5 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија7 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион7 часа

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет7 часа

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет7 часа

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет19 часа

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија22 часа

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија1 ден

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија1 ден

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија1 ден

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија1 ден

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија1 ден

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија1 ден

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија1 ден

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет1 ден

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет1 ден

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...