Македонија
Бесплатни часови по балет за деца од социјално загрозени семејства

,,Блиску до мене” е програмска активност од областа на културата од интерес на Градот Скопје во рамки на проектот „Од центарот кон периферијата:Културата како алатка за социјален развој“, која во времетраење од пет месеци „Булфрогс Балет“ ја реализираше во општина Чучер Сандево.
Целта на проектот беше да се даде еднаков пристап до квалитетно балетско и културно образование на деца и млади од општина Чучер Сандево, кои имаат особен талент за балетска уметност, како и оние кои доаѓаат од социјално загрозени семејства утврдени согласно со критериумите на општината.
,,Со финансиска помош од Град Скопје ја реализиравме оваа програма од областа на културата и уметноста и на 20 деца и млади заедно им обезбедивме без финансиски надомест да бидат дел од истата, да се стекнат со знаење за класичниот балет и преку дополнителни вонкурикуларни активности да бидат дел од различни предавања, креативни работилници и мастер-класови со цел да се поттикнат да дејствуваат во различните сфери и области од културата.
Покрај знаењето за класичниот балет што им го пренесовме на децата кои беа дел од овој проект, исто така ги упативме во актерската игра, учевме и вежбавме за музикалноста за подоцна сите тие да бидат дел од работилницата за класична музика која се одржа во Културно-информатиниот центар во Салон 19:19 под водство на Билјана Петровска”, соопштија организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.