Македонија
Турнир за лицата со попреченост во Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, во организација на Сојузот на телесни инвалиди, а под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски се одржа турнир на кој лицата со попреченост беа спортски активни, се натпреваруваа.
По завршувањето на настанот, Темелковски во просториите на Сојузот за телесни инвалиди на општина Кисела Вода разговараше со натпреварувачите за нивните потреби, а на најдобрите им подели признанија и награди. Темелковски даде ветување дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да им дава поддршка и да им биде на располагање.
Неодамна, на иницијатива на градоначалникот Темелковски Општина Кисела Вода го реализира проектот „Спортуваме, другаруваме“ за дечињата од двете специјални училишта кои се наоѓаат на нејзина територија. За таа цел, Темелковски ги посети децата во специјалното училиште ПОУ „Д-р Златан Сремец“ при што им подели 120 маици и ги проследи нивните спортски активности кои ги изведоа во холот на училиштето. Воедно, градоначалникот за следната година најави дека Општината ќе го снабди училиштето со спортски реквизити кои ќе ги мотивираат децата повеќе да спортуваат, а ќе можат да ги користат и спортските сали во Кисела Вода.
Исто така, во рамки на истиот проект во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ секретарот на Општината, Александар Алексовски, заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, ги посетија учениците во оваа училиште кои пред нив ги покажаа своите спортски способности. Тие играа гол-бол со претставници од Општината.
Во ПОУ Златен Сремец – Град Скопје, во рамки на Европската недела на спортот, во организација на Агенцијата за спорт и млади, со поддршка од Општина Кисела Вода се одржаа активности на кои претставници од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Федерација за пречки во развој, слепи и глуви се запознаа, се дружеа и спортуваа со дечињата.
Градоначалникот Филип Темелковски апелира за подигнување на јавната свест кај луѓето за заедничкида им помогнат на лицата со инвалидност да имаат достоинствен живот, без бариери и дискриминација, да имаат еднакви права со сите други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, гори уште на 14 места

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати.
Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума), Прилеп и Кавадарци – помеѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен, Галиште и Трстеник (мешана шума и ниска вегетација), Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума и грмушки, Желино – помеѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума),Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума), Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Ругинце (ниска вегетација), Битола – с. Велушина (ниска вегетација), Битола 2 – с. Миџитлија (ниска вегетација), Кичево – с. Горно Трско (ниска вегетација и ниска шума), Македонска Каменица – с. Косевица (борова шума), Струга – с. Ново Село и с. Делогожда (ниска вегетација и стрниште), Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева),Петровец – с. Ржаничино (ниска вегетација).
Пожарите кај Македонски Брод 1 – с. Грешница, Македонски Брод 2 – с. Латово, Карбинци – с. Јунузлија и кај Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња се ставени под контрола.
Македонија
Алиу ветува 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв

Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. Без носталгија, со податоци и храброст.
-Визијата станува реалност со голем прв чекор: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв, вели министерот Алиу, додавајќи дека во Штип ќе се гради модерна клиничка установа и Факултет за медицина за идните генерации лекари.
-Во Тетово, болницата ќе добие современа медицинска опрема и два нови објекти, со што ќе прерасне во симбол на грижа и достоинство. Во Кичево, каде што болницата остана нереализирано ветување од минатиот век, од темел ќе градиме нова, светла, топла и достојна за секој од вас, вели министерот Алиу.
Тој истакнува дека ова е само почеток, бидејќи хоризонтот на неговата визија е многу подалеку.
-Да изградиме модерно, хумано и дигитализирано здравство. Ние не сме тука да чекориме по патеки од минатото кои не водат никаде, ние сме овде да градиме доверба за идните генерации. И заедно со вас, ќе ја направиме оваа визија реалност, порачува министерот за здравство, Азир Алиу во неговото видео обраќање.
Македонија
И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.
Според првичните проценки, опожарена е површина од околу сто хектари борова шума.
– Непристапниот терен и ветерот се главната причина што речиси и по триесет часа откако избувнал пожарот,да не можеме да го локализираме. Денес моравме да евакуираме и население и стока за да ги спасиме, за среќа спречивме ширењето да се направи кон куќите, но во овој пожар во повеќе наврати животите на пожарникарите,на моите колеги и на другите вклучени во гасењето, беа во опасност поради неконтролирано ширење и префрлање на пламените јазици. За жал дождот го заобиколи селото и не беше баш сојузник, така што, сѐуште сме на терен и очекуваме во секој момент да пристигнат и армиските сили за помош во справувањето со огнената стихија, изјави во телефонски разговор командирот на ТППЕ Крива Паланка, Коцевски.
Пожарот избувнал вчера околу пладне, а во ТППЕ Крива Паланка е пријавен во 14 часот.
Во текот на вчерашниот ден и ноќта пожарот активно го гаселе пожарникарите од Крива Паланка и Ранковце, Противпожарна единица од Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.