Контакт

Македонија

Средба Заев – Грабар Китаровиќ:Хрватска силно ќе гo поддржи членството на Македонија во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев кој е во официјална посета на Загреб, се сретна и со хрватската претседателка на државата, Колинда Грабар – Китаровиќ и со претседателот на хрватското Собрание, Гордан Јадроковиќ.Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Таа честиташе за Договорот со Грција и изрази надеж дека тој ќе биде брзо ратификуван во парламентот. Исто така, хрватската претседателка Грабар – Китаровиќ рече дека Хрватска продолжува да ја дава и техничката поддршка на Македонија во европските интеграции.

dobivaj vesti na viber

фото:Влада

Заев рече дека очекува успешно завршување на процесот во парламентот, со што ќе се овозможи и брзо членството во НАТО, а тоа ќе отвори и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тој изрази очекување дека Македонија и Хрватска ќе ја зголемат трговската размена и инвестициите, бидејки тоа го овозможува искреното пријателство меѓу двете земји, како што и заеднички констатираа со претседателката на Хрватска, Грабар – Китаровиќ.
На средбата се посочени можности за соработка во инфраструктурата, поштенските услуги, фармацијата.

фото:Влада

Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ исто така му честиташе на премиерот Заев за храброста во сложениот процес во којшто влегоа тој и Владата за да ги осигураат евро-атлантските перспективи на Македонија. Тој констатираше дека со тие политики се отвора патот во НАТО и ЕУ на нашата држава, како и дека хрватскиот Парламент ќе продолжи со потребната силна поддршка за тоа и да се реализира, посебно што Хрватска е заинтересирана просторот на сигурност во регионот да се шири.

,,Посветено работиме на домашните реформи. Низ инклузивни политики се обидуваме да работиме и во парламентот, посебно за прашања од стратешки интерес. Очекувам да се зголеми парламентарното мнозинство во поддршката на уставните амандмани,  реализација на Договорот од Преспа и конечно Македонија да влезе во НАТО и да почне преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на средбата со претседателот на хрватскиот парламент”, Јадроковиќ.

Делегациите на Македонија и на Хрватска на владино ниво продолжуваат со заедничка вечера што ја организира домаќинот на утрешниот Самит на шефовите на влади на земјите членки на ЦЕИ, премиерот Пленковиќ, како и со заедничка прошетка во центарот на Загреб.

Македонија

Јавен увид во Избирачкиот список од сабота до 11 септември

Објавено пред

Од сабота, 23 август, до 11 септември граѓаните можат да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоци. Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа.

dobivaj vesti na viber

Заклучениот Избирачки список ќе биде готов најдоцна на 3 октомври, додека политичките партии ќе можат да го проверат списокот и да поднесат свои барања до 19 септември. Податоците за граѓаните кои поднеле барање за лична карта, ќе се впишат по службена должност, како и податоците за лицата во затвор или установи за вонсемејно згрижување.

Прикажи повеќе...

Македонија

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите

Објавено пред

Од

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски.

dobivaj vesti na viber

„Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок“, се наведува во соопштението.

Управата за јавни приходи во текот на вчерашниот ден достави персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски и апелира веднаш да го извршат плаќањето.

Овие средства се дел од јавните приходи кои припаѓаат на граѓаните и обезбедуваат редовно финансирање на буџетските потреби, здравството, образованието и социјалната сигурност.

УЈП остро потсетува дека во следните денови ќе се преземат законските мерки за присилна наплата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судир за српскиот капитал: ВЛЕН и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

Објавено пред

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал и влијание во земјата.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на ВЛЕН, ДУИ одамна престанала да ги штити интересите на Албанците, откако, како што тврдат, дозволила влез на српски и црногорски компании во клучни економски сектори, вклучително и мобилната индустрија и казината.

„ДУИ го донесе ‘српскиот свет’ во срцето на земјата, го воведоа МТЕЛ, дозволија пенетрација на српските подземни структури и преку Бујар Османи работеа за Белград и против Косово“, се наведува во соопштението. ВЛЕН најавува дека ќе продолжи да ги брани евроатлантските вредности и националните интереси на Албанците.

ДУИ, пак, одговара дека ВЛЕН во изборната програма за 2024 година ветила основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. ДУИ повторно нагласува дека државата не смее и не треба да дозволи банкарскиот сектор и стратешките институции да бидат преземени од дестабилизирачките интереси на Белград.

И двете партии со денови се обвинуваат една со друга за предавство на интересите на Албанците и за поддршка на т.н. „Српскиот свет“ во Македонија. Со оглед на предизборието, се очекува дека оваа тема ќе се најде во политичката дебата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија33 минути

Судир за српскиот капитал: ВЛЕН и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија2 часа

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија2 часа

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет3 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено...

Свет4 часа

Што би значел пакт „сличен на Член 5“ за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет4 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет16 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија17 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет18 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија20 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија20 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ22 часа

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија22 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет23 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет23 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија1 ден

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ1 ден

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 ден

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...