Забава
Првпат во Белград гостува светската ѕвезда од доменот на археологијата – Захи Хавас
Отсекогаш ве привлекувале тајните на пирамидите и животите на фараоните?
Не пропуштајте ја можноста Кралот на пирамидите да ви ја раскаже мистериозната приказна за древниот Египет и фаталната Клеопатра.
Кога ќе помислите на древниот Египет, помислувате на него и неговите откритија. Тој е исто така познат како Кралот на пирамидите, човекот што ги открива тајните чувани од египетскиот песок со векови и ги презентира на најпривлечен начин. Благодарение на него, љубителите на археологијата, од експерти до аматери, уживаат во откритијата за кои човекот до неодамна можел само да сонува. Првпат во Белград гостува светската ѕвезда од доменот на археологија, познатиот д-р Захи Хавас!
Зошто д-р Захи Хавас е единствен во своето научноистражувачко поле?
Станува збор за ретко надарен археолог, поранешен генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети во Каиро и прв министер за антиквитети, кој никогаш не престанува да изненадува. Со својот тим тој е на прагот на одлични откритија што тој лично ќе ги презентира на своите предавања на 7 и 8 декември, во белградската опера и театар Madlenianum.
Сите оние што го сакаат новооткриениот дух од минатото може да уживаат во приказни за:
Откривањето на мумијата на кралицата Хатшепсут
Мумиите на членовите на семејството на кралот Тутанкамон и мистериите за смртта на Рамзес III
Нови откритија за Големата пирамида и Сфингата
Нови гробници пронајдени во наоѓалиштето Saqqara
Откривање тајни врати во Големата пирамида
Нови откритија во долгогодишната потрага по гробот на кралицата Клеопатра и гробот на Марко Антониј
Како резултат на интересните предавања во целиот свет, многуте книги за разни профили на читатели и популарните ТВ-документарци за древната египетска цивилизација, д-р Захи стекна многубројни следбеници во светот.
„Верувам дека досега се откриени само 30 отсто од египетските споменици, а 70 отсто сè уште се закопани под песокот. Никогаш не знаеш кои тајни ги крие песокот“, е познатата изрека на чуварот на клучевите на тајните на древната египетска цивилизација, која сè уште нè изненадува со нови откритија. Според светски познатата актерска ѕвезда Омар Шариф, д-р Захи Хавас го претставува сето она што е прекрасно во минатото на Египет. За неговата широка визија и неверојатни откритија, како и за прекрасните приказни за фараоните што ги пронаоѓа втиснати меѓу блоковите на древните пирамиди, гледајте на следниов линк.
Само на 7 и 8 декември публиката во регионот ќе има привилегија да ги чуе од д-р Захи Хавас лично приказните за древен Египет. Предавањето ќе се одржи во Madlenianum, а билетите за двата датума се речиси распродадени.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

