Македонија
Изградбата на нова трибина на стадионот во „Билјанини Извори“ ќе чини 800 илјади евра

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија, денеска, на средбата на в.д. председателот на Федерацијата, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општинте Охрид и на Чаир, Јован Стојаноски и Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во Охрид и Чаир.
Во соработка со ФФМ и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.
Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој официјално добија дозвола за почнување со активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.