Забава
Меркел повторно на чело на листата со најмоќни жени според „Форбс“

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на 100 најмоќни жени во светот за 2018 година, на која германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа на прво место веќе осма година по ред.
Во објаснувањето се наведува дека, иако иднината на Меркел е неизвесна, со оглед на тоа дека нема да се кандидира за изборите во 2021 година, влијанието што го има како водач на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000 година и како канцеларка од 2005 година е неоспорно.
Второто место го зазеде британската премиерка Тереза Меј, која беше на насловните страници во последните две години поради обидот за спасување на преговорите со ЕУ за брегзитот.
На трето место е Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, која минатата година беше на осмото место на листата на „Форбс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.