Македонија
Притвор за Груевски и за случајот „Титаник“

Судечкиот совет што го води случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности по барање на специјалното јавно обвинителство донесе решение во согласност со член 365, став 3 од ЗКП на обвинетиот експремиер Никола Груевски да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена почнувајќи од негово пронаоѓање и приведување.
Притворот е определен по доставеното известување од Собранието дека на Груевски, кој сè уште се води како пратеник, му е одземен пратеничкиот имунитет.
За Груевски, исто така, по барање на СЈО, определена е мерка притвор и за предметите „Траекторија“, ТНТ и „Насилство во Центар“.
Груевски речиси еден месец е во бегство во Унгарија, каде што доби политички азил. Македонските власти побараа негова екстрадиција со оглед на тоа што Груевски е осуден на затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.