Македонија
Заев: Очекуваме уставните измени да бидат изгласани во јануари

Очекуваме во втората половина на јануари да бидат изгласани уставните измени во парламентот, рече премиерот Зоран Заев на средбата со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер од ЕПП и Кнут Флекенштајн од ПЕС.
„Очекуваме во втората половина на јануари да се изгласаат уставните измени. Низ инклузивност, преку амандманите, и опозицијата се вгради во овој процес, а од денеска се отвора и јавната дебата по што Владата ќе ги достави финалните решенија до парламентот. Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на договорот од Преспа“, рече Заев.
Тој додаде дека Владата паралелно работи на реализацијата на реформите во клучните области кои очекува да бидат заокружени до март. „Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес, кој е потребен за ЕУ, но и за квалитетот на живеење на граѓаните на Македонија“, рече премиерот Заев.
Како што соопштија од Владата, европратениците изразиле силна поддршка за перспективите на Македонија во Европската Унија и НАТО. Тие изразиле очекување дека уставните измени ќе бидат донесени во парламентот, како и дека Македонија потоа со уште побрзо темпо ќе ги продолжи интеграциите во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.
Од нив во моментов активен е само еден пожар, во општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен каде што гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, каде што горат пасишта и мешана шума.
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 26 пожари.
Македонија
„Влен“: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ

„Влен“ ги потсетува граѓаните дека оние кои денес сакаат да даваат „лекции“ за култура се токму оние кои 22 години ги измамија Албанците со Тетовската библиотека и театар. Поранешни функционери на ДУИ манипулираа со документи и процедури за јавни договори, злоупотребувајќи ја својата службена положба и имајќи корист од над 13 милиони евра од изградбата на овие институции, што е тешко предавство на националниот интерес, велат од „Влен“.
„Во меѓувреме, со доаѓањето на ВЛЕН во владата, за прв пат по децении, албанската култура признава опипливи достигнувања: Долгогодишниот проблем со вработувањето на членовите на Албанскиот ансамбл, запоставен од ДУИ, беше решен. За прв пат, Албанец ја предводи Филхармонијата во Северна Македонија. Во наше време, кога тоа не го правеа со децении, беше основан Гостиварскиот театар, отворајќи ги своите врати за албански уметници. Десетици Албанци беа вработени во културните институции. За прв пат, во секоја културна институција се донесени стотици трајни работни решенија, со што се гарантира безбедноста и достоинството на албанските работници и уметници.
Културата не е пропаганда, ниту фасада за прикривање на кражба и злоупотреба. Културата е идентитет, таа е достоинство, таа е наследство!
ВЛЕН ќе продолжи да го брани националниот интерес во културата, враќајќи им на Албанците она што им било ускратено две децении. Излажувањата на ДУИ завршија, ерата на вистинската албанска култура започна!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.