Свет
Ирак би можела да биде следната земја што ќе ја напушти ОПЕК?
Ако некоја земја реши да ги следи стапките на Катар и да ја прекине соработката со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), тоа ќе биде Ирак, вели Мајкл Коен, шеф за истражување на енергетските пазари во банката „Баркли“.
„Мислам дека во однос на сите земји од ОПЕК во последните шест-осум месеци се истакнува Ирак“, изјави Коен за Си-ен-би-си додавајќи дека Ирак често не е во согласност со целите, па ако ограничувањата беа премногу строги, Ирак може да почувствува дека во најдобар интерес му е да не биде член на Организацијата.
Ирак е вториот по големина производител на нафта во ОПЕК по Саудиска Арабија. Повеќе од 90 отсто од приходите на земјата доаѓаат од нафтата, вели Меѓународната агенција за енергија.
Ирак во октомври испумпуваше рекордни 4,76 милиони барели дневно, вели поранешниот ирачки министер за нафта. Неговото зголемено производство, како и повеќегодишните прекумерни испумпувања од Либија, придонесе оваа есен за кулуминација во глобалното производство во 2018 година. Цитирајќи ги посетите на саудискиот министер за енергија, Калид ал-Фалих, во Багдад во последните два месеца, Коен рече:
„Ние не сме во тек со природата на овие разговори, но очигледно постои голема загриженост во однос на она што го вели Ирак“.
Медиумите објавија дека Ал-Фалих се состанал со своите ирачки колеги и со премиерот на земјата, Адел Абдул-Махди, за да разговара за зголемена соработка во областа на електричната енергија.
Неодамна назначениот ирачки министер за нафта, Тамир Гадбан, кон крајот на октомври изјави дека зголемениот извоз на нафта е главен приоритет за земјата со 38 милиони луѓе. Ирачката национална компанија „Басра оил“ планира да го зголеми производството од 3,2 милиони барели на ден на 5 милиони барели во следните седум години.
Ирачките официјални лица проценуваат дека им требаат 100 милијарди долари за да ги обноват домовите и инфраструктурата по неколкугодишна војна и санкции. Нафтата ќе остане критична за финансирањето на реконструкцијата, велат експертите, истакнувајќи дека тоа значи дека Багдад има поттик да ги задржи своите славини пуштени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

