Регион
ОН загрижени за депортираните мигранти од Грција

Претставници на Обединетите Нации изразија загриженост поради информации дека Грција вратила мигранти кои од Турција пристигнале на нерегуларен начин, а со тоа на истите им ја скратила можноста за азил. Од ОН додаваат дека за време на депортациите, биле пријавени и случаи на насилство.
Овие наводни политики се најдоа на насловните страници откако тројца мигранти беа пронајдени во село во Турција, кои според информации од медиумите биле најдени без чевли и пантолони, по што измрзнале до смрт.
„Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, продолжува да добива бројни информации дека Грција ги отфрла мигрантите, ги апси без притоа да добијат можност да аплицираат за азил, а потоа ги депортира во Турција преку реката Марица, а според неколку пријави понекогаш доаѓа и до физичко насилство,“ се вели во соопштение на ОН.
„Овие пријави се навистина загрижувачки, а УНХЦР и Грција и во минатото се соочиле со овие прашања за кои се преземени превентивни мерки,“ се додава во соопштението.
Земјите имаат обврска, под државен, европски, како и меѓународен закон, да ги штитат азилантите и бегалците, велат од грчкото седиште на УНХЦР.
Реката Марица е опасна рута за мигрантите кои пристигаат по нерегуларен пат, особено во зимските периоди, образложува агенцијата во сооопштението.
Политиката со наводното „отфрлање“ на мигрантите е ризична, особено за децата и останатите индивидуи од ранливи категории.
Грчката министерка за заштита на граѓаните Олга Геровасили ги отфрли обвиненијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.