Македонија
Солза Грчева повикува на бојкот на јавните дискусии за уставните измени

„Денеска, во организација на Владата, почна карванот наречен јавни дискусии во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија. Јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да почнат или воопшто да влезат во Собранието! Организиран пост фестум, циклусот, поточно циркусот од пет јавни дискусии, е уште еден удар врз демократијата и правната држава, смета Гласот за Македонија, чиј претседател е Солза Грчева.
Според неа, навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право); политички функционери во Владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои уште пред да стигне т.н. преспански договор на маса беа негови (добро платени) огнени поддржувачи и промотори на грчките интереси, нема ниту еден говорник што не го поддржува договорот, а тој би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдум.
„Во недостиг на основните елементи на јавна дебата – стручност, објективност, непристрасност, ова е непотребно исполнување на демократската процедура, кое станува лакрдија! Можеби и затоа дискусиите се закажани во државни институции, каде што може да се обезбеди присуство по службена должност и коректно однесување на присутните доколку ги има“, соопшти Грчева.
Глас за Македонија ги повикува своето членство, симпатизерите и јавноста, да ги игнорираат/бојкотираат ваквите козметички јавни дискусии и во согласност со својот категоричен, негативен став за промената на името како услов за влез во НАТО и ЕУ, гласно повторува:
Народот го кажа своето „не“ за промената на името на државата на 30 септември на референдум и само со истиот правен механизам тоа може да се смени! Глас за Македонија најавува политичка кампања, која ќе води кон поништување на сите одлуки на Собранието спротивни на Уставот, со кои се менува името на државата, а со тоа се посега по националниот идентитет и меѓународната позиција на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.