Свет
Дутерте поттикнува убивање на „бескорисните бискупи“ кои само критикуваат
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте е добро познат по својот контроверзен однос со Католичката црква – во една пригода тој дури и го нарекол Бог глупав, а ги доведува во прашање и концептот на првобитниот грев и други клучни принципи на религијата.
Во говорот во средата во претседателската палата Дутерте ги критикуваше католичките бискупи на својата земја нарекувајќи ги бескорисни будали и го повика својот народ да ги убие, пренесува „Спутник“.
„Овие епископи што ги имате треба да ги убивате, тие се бескорисни будали. Тие само критикуваат“, изјави лидерот на Филипините.
Дутерте потоа ја нарече Католичката црква најхипоктритичка институција и рече дека неговиот Бог е поинаков од оној во кој веруваат католиците.
„Никогаш не сум рекол дека не верувам во Бога. Реков ддека вашиот Бог е глупав, а мојот има здрав разум. Тоа им го кажав и на епископите. Никогаш не реков дека сум атеист“.
Ова не е првпат Дутерте, кој е католик, да употреби остри зборови против бискупите. Тој претходно беше налутен од отворените критики на некои бискупи за неговата политика за остри мерки против дрогата.
Во ноември филипинските медиуми објавија дека Дутерте го предизвикал епископот Пабло Вирџилио Давид од Калоокан велејќи дека се сомнева оти тој е по нелегалните дроги.
Филипините се мнозинска католичка нација со над 86 отсто од населението (околу 76 милиони луѓе), кои практикуваат римокатолицизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

