Регион
Џеки Чен пристигна во Хрватска, со велосипед помина 40.000 километри

Велосипедистот Џеки Чен (40) од Тајван пристигна во Шибеник. Досега има поминато 40.000 километри и има видено 60-ина земји. Патувањето на Џеки Чен почна во јуни 2015 година на Алјаска, од каде што отпатува за Јужна Америка и со авион слета во Европа. Патувањето ќе го продолжи во Турција.
Џеки има слично име како познатиот хонгконшки актер и стана ѕвезда во многу градови, особено помалите.
„Читав книги за патувањата во светот, за неговата неверојатна убавина, и отсекогаш сакав да ја видам планетата. Инаку, јас сум инженер по струка и работев во индустријата за електроника и заштедив малку пари за почеток. Но, се разбира, ова не е доволно, но се снаоѓам. Спијам кај добри луѓе, некои ми даваат пари, некои храна, но честопати застанувам покрај патот и спијам во шатор“, изјави Чен за портал од Шибеник.
Во последните две и пол години потрошил околу 250 долари на патот. Неговата цел е да се врати дома на Тајван, да објави книга за своите впечатоци и да ги охрабри луѓето да си ги исполнат своите соништа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.