Свет
(Видео) Силно невреме го погоди Кипар, има и жртви

Најмалку три лица загинаа во поплави во северниот дел на Кипар по обилните дождови со град, според извештаите во турскиот дел на островот.
Медиумите објавија дека автомобилот во кој биле две жртви го однела водата доцна синоќа. Жителите на Кипар рекоа дека дождот паѓа без прекин од 4 декември.
Дополнително лошо време се очекува и денес.
#kyrenia #girne #cyprus #kıbrıs #flood #rain #yagmur #sel altyapı, imar, geçmiş ve gelmiş bütün besiye başkanları ve siyasiler… 15 kasım 1983 ten beri hep geriye götürdüğünüz bir memleket !
Videoda yağmurun iyi halleriydi…
10dk sonra kapıları kapatmak zorunda kaldık… pic.twitter.com/FFlnG20h95— Erman (@windermancyp) December 6, 2018
„Во рок од неколку минути од убаво сончево време преминавме во смрзнување, со молњи и грмежи во далечината“, рече еден очевидец.
Flash floods in Nicosia, Cyprus, Dec 4th – thanks to Raphael Michaelides for the report! pic.twitter.com/mP3e53wJip
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) December 5, 2018
Луѓето ставаат вреќи со песок на вратите и прозорците за да го спречат навлегувањето на водата.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на автомобили кои беа однесени во морето и поплавени куќи.
At least two dead as rain and floods lash Cyprus https://t.co/N9XcNTlIkU pic.twitter.com/21zwoP3C2Q
— Wetinhappen Magazine (@Wetinhappen) December 6, 2018
Обично суви, речните корита сега се полни со вода која го прели брегот предизвикувајќи штета во Никозија, делумно е затворен автопатот, кој го поврзува градот Кирења со североисточниот брег на земјата. Многу училишта се затворени.
Мештаните велат дека вакво нешто не се памети во неодамнешната историја на островот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Наскоро ќе почнеме да испраќаме разузнавачки информации во Украина

Соединетите Држави наскоро треба да продолжат со размената на разузнавачки информации со Киев, им потврди на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп на 9 март во авионот „Ер Форс Уан“.
Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во средата објави дека Соединетите Држави го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина. Овој потег уследи по одлуката на Вашингтон веднаш да ја замрзне сета воена помош за Украина.
Според Ројтерс, на прашањето дали ќе стави крај на суспензијата на споделување разузнавачки информации, Трамп им рече на новинарите: „Само што не сме“.
Трамп, исто така, рече дека е оптимист за претстојните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија. Делегациите ќе се сретнат во градот Џеда за да разговараат за рамката за потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија.
Европа
Ројтерс: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск

Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.
Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.
Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.
Свет
(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го наследи Џастин Трудо на премиерската функција, покажаа официјалните резултати објавени во текот на викендот.
Карни ќе ја преземе функцијата во турбулентно време за Канада, која е среде трговска војна со Соединетите Држави под претседателот Доналд Трамп и наскоро мора да одржи општи избори.
Canada Strong. 🇨🇦 pic.twitter.com/xps30Xb6X7
— Mark Carney (@MarkJCarney) March 10, 2025
Карни (59) освои 86% од гласовите, победувајќи ја поранешната министерка за финансии Кристиа Фриланд во партиски натпревар во кој гласаа нешто помалку од 152.000 членови.
„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“, рече Карни, мислејќи на Трамп, што предизвика гласни негодувања од присутните на партискиот митинг. „Тој ги напаѓа канадските работници, семејства и бизниси. Не смееме да му дозволиме да го направи тоа“.
„Ова нема да биде бизнис како и обично“, додаде Карни. „Ќе мораме да правиме работи што не можевме да ги замислиме претходно, а со брзина што не мислевме дека е можно“.
Thank you, Prime Minister Trudeau. For your hard work, for your leadership, and for your great service to our country. pic.twitter.com/ksPrwtxJ2w
— Mark Carney (@MarkJCarney) March 10, 2025
Трудо во јануари објави дека заминува по повеќе од девет години на власт, бидејќи неговата популарност опадна, принудувајќи ги либералите брзо да одржат внатрепартиски избори за нов лидер.
„Не правете грешка, ова е момент кој ја одредува нацијата. Демократијата не е загарантирана. Слободата не е загарантирана. Дури ни Канада не е загарантирана“, рече Трудо на заминување.
Карни, кој никогаш претходно не бил избран на политичка функција, тврдеше дека тој е најдобриот кандидат да ја ревитализира партијата и да преговара со Трамп, кој се заканува со дополнителни царини кои би можеле да ја загрозат канадската економија зависна од извозот.