Македонија
Фазлиу: Речиси 3 милиони евра се ставаат на располагање со програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на инфо-сесијата на ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, на која присуствуваше и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.
Министерот Фазлиу пред присутните се осврна на улогата и важостана на прекуграничната програма меѓу Македонија и Албанија, приоритетните цели и спроведувањето на проектите во рамките на вториот јавен повик.
„Вториот актуелен повик за доставување проектни предлози на располагање ни става нови 2.890.000 евра. Објавен беше на 29 ноември и е добра можност за општините и другите субјекти како потенцијални корисници да придонесат за подобрување на развојните перспективи на локалните заедници и регионот. Врз основа на резултатите што произлегоа од анализата на потребите во рамките на вториот повик, ќе се поддржат активности во функција на поттикнување на туризмот и културното и природното наследство, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштитата и управувањето со ризикот“, истакна Фазлиу.
Министерот посочи дека со овој повик се зголемени износите за секој одделен проект на минимум 300.000 евра до максимум 600.000 евра и се продолжува периодот на имплементација на проектите од минимум 18 месеци до максимум 36 месеци.
Тој истакна дека за да се зголеми самоодоржливоста на резултатите од имплементацијата на проектите, се воведува категорија инвестиции во набавка на опрема, инфраструктура и градежни работи, кои треба да изнесуваат најмалку 60 отсто од вкупните подобни трошоци, односно од буџетот на проектите и секоја апликација треба да вклучува најмалку една локална власт како водечки апликант или коапликант од секоја земја корисничка, една општина од Република Македонија и една општина од Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди , утринските температури ниски, дневната до 15 степени

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.
Македонија
Мицкоски-Мацут: Србија е искрен партнер и пријател со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја.
Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување.
Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.
Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан.
Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји.
Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.
Македонија
(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува. Реконструираните мостови и новите пешачки патеки ќе овозможат полесно и побезбедно движење, ќе го поврзат градот од сите страни и ќе ја зајакнат неговата функционалност“, рече тој.
Дополнително, додаде Коњановски, поставувањето на современо, енергетски ефикасно осветлување, ќе овозможи Драгор да биде жив и безбеден дел од градот и во текот на ноќта.