Македонија
Ахмети е загрижен поради опструкции во процесот на уставните измени

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Како што соопшти партијата на Ахмети, двајцата разговарале за процесот на уставните измени, системските реформи и околу политичката ситуација во земјата.
Ахмети пред Жбогар ја истакнал својата загриженост за постоењето на опструктивни струи во однос на Преспанскиот договор и уставните измени.
„Овие клучни моменти за земјата и регионот бараат посветеност од сите, институциите, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други. Овој процес е неповторлив и истиот е од апсолутна важност за обезбедување на нашиот евро-атлантски пат“, смета Ахмети, кој пред амбасадорот Жбогар посочил на одговорноста на секоја институција и на секоја индивидуа за да се обезбеди успех во овој процес.
Соговорниците дискутирале и за системските реформи и помирувањето како поврзани процеси, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поевтинуваат дизелот и бензините

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за два и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 1.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,583 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,605 денари и сега ќе изнесува 39,583 денари за килограм.
Македонија
Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на непристапен и тежок терен и дека ситуацијата е опасна бидејќи се слуша пукање од муниција и постојат сознанија за можни неоткопани гранати во реонот.
Пожарот е во село Бешиште (општина Новаци), а изби во саботата. Гори сува трева, како и делови од борова, дабова и букова шума. Пожарот е активен на два краци во месноста Уров, во атарот на с. Бешиште и во насока кон с. Градешница, општина Новаци
„Пожарот се шири кон границата со Грција. На терен интервенираат: 5 пожарникари со 1 возило од ТППЕ Прилеп и 3 лица од ШС „Црн Бор“ – Прилеп со 1 возило опремено со пумпа“, соопшти ЦУК.
За настанот се известени сите надлежни служби, меѓу кои: РЦУК Прилеп, ЕЛС Прилеп, ДЗС Прилеп, СВР ПС Прилеп, ПС Новаци, ШС „Кајмакчалан“ од Битола, ТППЕ Битола и ДЗС Битола. Известен е и инспектор од ДЗС.
За пожарот во Визбегово, Скопје, пак, од ЦУК информираат дека е ставен под контрола.
Македонија
Минатата недела санкционирани 𝟣𝟥𝟪 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.06. до 29.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 138 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.