Македонија
(Видео) Златески: Фудбалерите на Победа се како трговски патници, без стадион и без плати
,,Прилеп вчера по подолго време се израдува на спортски успех, а главните актери за тоа беа црвено-белите миленици од фудбалскиот клуб Победа. Затоа најпрво би сакал да им го честитам пласманот во полуфиналето во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, а тоа е фудбалскиот КУП на Македонија.
Фудбалерите на Победа се можеби единствените во светот кои оваа сезона настапуваат како трговски патници. Без стадион, од град во град, па уште и понижени и без заслужените плати и премии. Сепак, кога гладот и љубовта кон фудбалот се пресудни се стигнува и до ваков успех, и тоа против силен и економски моќен противник како Шкендија”, изјави Никола Златески на денешната прес-конференција на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Според него, покрај ветувањето на актуелниот градоначалник Илија Јованоски дека Прилеп поскоро ќе добие стадион каков што заслужува, но и европски клуб со европски услови за работа, Победа оваа година ја поминува една од најтешките фудбалски сезони.
,,На градскиот стадион ‘Гоце Делчев’ подолг временски период не се извршуваат никакви активности, а локалните власти мачкаат очи во јавноста дека вината за тоа е кај претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Па заборавате ли дека влеговте во втората година од вашиот четиригодишен мандат? Заборавате ли колку прес-конференции одржавте тука, на оваа локација?Го прашуваме Јованоски до каде е изборот на нов изведувач за изградба на стадионот?Каде е сега Јованоски да побара од советот на општината премија од еден милион денари, како што тоа го правеше кога СДСМ беше опозиција во Прилеп?Спортот, а особено фудбалот бара континуирано вложување, а со вашата несериозност го доведувате пред згаснување. Победа е повеќе од клуб, таа е љубов на прилепчани. Победа е емоција и радост на многу генерации. Клубот заслужува многу повеќе и заслужува да биде издигнат на повисоко ниво.
Прилепчани стравуваат дека нивниот миленик одново ќе го гледаат во понизок ранг на натпреварување, а вината за тоа ќе биде само ваша. Младите ве повикуваат итно да се зафатите со работа и да го консолидирате работењето на клубот. Победа не смее да биде жртва на вашата неумешност и незнаење.Почитуван градоначалник, прилепчани не се со кратко помнење, тие ги паметат сите ваши грандиозни ветувања. Времето во политиката поминува многу брзо, па казната за неисполнетото ќе ве стигне како молња. Ќе заминете како најнеуспешниот градоначалник и најнеуспешната локална власт во историјата на Прилеп”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денеска во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Македонија
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Посетата претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот.

Двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласија дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информираше министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул увери дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласи дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа.

