Забава
Комичарот Кевин Харт нема да ги води „Оскарите“
Американскиот комичар и актер Кевин Харт (39) во петокот рече дека нема да ги води 91. „Оскари“ по протестот за неговите стари хомофобични твитови.
„Решив да не ги водам годинашниве награди ‘Оскар’“, напиша тој на „Твитер“.
„Искрено ѝ се извинувам на ЛГБТК-заедницата за моите бесчувствителни зборови во минатото“, додаде тој.

Еден час пред тоа тој објави видео на „Инстаграм“ во кое одби да се извини откако Академијата за филмска уметност и наука го побара тоа од него.
„Решив да го прескокнам извинувањето. Причината е тоа што јас веќе одговорив на тоа неколкупати“, рече Харт додавајќи дека напредувал од времето кога поставил хомофобични твитови помеѓу 2009 и 2011 година, кои тој ги избришал во меѓувреме.
„Ќе бидам свој, ќе се придржувам кон моите ставови“, додаде ѕвездата на филмските комедии „Тајната служба“ и „Гет хард“.

„Оскарите“ ќе се одржат на 24 февруари во холивудскиот театар „Долби“, а Кевин многу се радуваше поради тоа.
„Многу години ме прашуваат дали некогаш ќе ги водам ‘Оскарите’ и мојот одговор секогаш беше ист. Им реков дека тоа ќе биде единствена животна шанса за мене како комичар и дека тоа ќе се случи кога ќе биде потребно“, рече Кевин, кој, сепак, нема да си оствари една од своите животни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
1. декември ја менува судбината на три хороскопски знаци, ги чека огромна среќа
Од 1 декември три хороскопски знаци — Близнаци, Стрелец и Водолија — влегуваат во период на голема среќа, успеси и позитивни промени. Крајот на ноември носи силни астролошки влијанија кои овие знаци ќе ги почувствуваат како изненаден наплив на можности, финансиски добивки или поддршка во љубовта.
Близнаци
Неочекивана информација или нова личност може да им отвори врата кон деловни или финансиски шанси. Комуникацијата ќе биде клучна, а нивната природна љубопитност ќе им донесе успех.
Стрелец
Стрелците влегуваат во фаза на експанзија. Патувања, контакти од странство или нови искуства носат награди и радост. Оптимизмот им привлекува позитивни промени.
Водолија
Водолиите ќе напредуваат преку креативност и оригинални идеи. Проекти што долго ги развиваат може конечно да им донесат признание, поддршка или финансиски прилив.
И додека за другите знаци периодот е помирен, секој ќе може да најде стабилност преку мали, но значајни промени со долгорочна корист.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

