Свет
Повеќе од 7.000 жени од Мјанмар присилно се венчале во Кина
Околу 7.400 жени од Мјанмар биле принудени да се омажат со мажи од Кина помеѓу 2013 и 2017 година, објавија авторите на нова студија.
Повеќето од овие жени исто така биле принудени и на бременост, тврди студијата објавена од страна на истражувачите од Школата за јавно здравство „Џонс Хопкинс Блумберг“ и тајландската женска асоцијација „Качин“.
Студијата содржи над 400 признанија на жени од над 40 локации во Мјанмар и Кина.
Кинеската политика на едно дете резултира со разлика во популацијата во која машките ги надминуваат женските со речиси 34 милиони луѓе, така што се стимулира побарувачката за трговија со жени од соседните земји.
Конфликти, одземање на земјиштето и други кршења на човековите права од страна на владата во Мјанмар доминираат во пограничните области на земјата, главно во провинциите Шан и Качин, каде што илјадници жени, без документи, практично се втерани во рацете на трговците со луѓе и присилени на брак, од кој тие не може да излезат, напоменуваат истражувачите.
„Жртвите на принуден брак трпат серија прекршувања на своите човекови права и се подложни на физички и психички ризици“, вели водечкиот автор на студијата, Кортленд Робинсон.
Студијата ги повикува властите во Мјанмар да стават крај на внатрешните конфликти и да се осигураат дека граѓаните поседуваат лични документи, со што ќе им овозможат легално да работат во Кина. Исто така, се повикува кинеската влада да им овозможи на бегалците од Мјанмар безбедно засолниште и хуманитарна помош, со цел да се намали нивната подложност на трговија со луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

