Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за атентатот на Киро Глигоров
Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, додаде тој, по 24 години повторно се отвора трага, по сеќавање и сведочење на поранешен претседател на Собранието на Република Македонија и на емнинентен новинар.
„Мора да се покрене истрага по овие наводи. По допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и искази. Срамно е што сè уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров“, рече Стоилковски.
И Зоран Заев, додаде тој, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз претседателот Киро Глигоров.
„Наместо нарачаните политички изјави од лица обвинети за сериозни дела, кои за Зоран Заев имаат поголемо значење, државата мора сериозно да се позанимава со овој огромен скандал. Не може заради политичките процеси мотивирани лично од аболицираниот криминалец Зоран Заев, државата во јавноста да ги поклопи сведоштвата на Стојан Андов и на Љубомир Гајдов, со нарачано сведоштво во политички мотивиран процес. За Зоран Заев, СДСМ, ‘Кацарска судството’ и ‘Рускоска обвинителството’, Стојан Андов и неговото сведочење и изјавите на Љубомир Гајдов имаат помал кредибилитет околу нарачаното сведочење“, вели Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

