Црна хроника
Украдени пари од црква во Пожаране
Крадец украл монети во вредност од 800 денари од црква во село Пожаране, гостиварско.
Според информациите на полицијата, кражбата се случила во текот на минатите два дена, во точно неутврдено време во црквата „Свети Никола“. Крадецот со тврд предмет насилно ја отворил влезната врата и од олтарот и од масата одзел ситни пари во вредност од 800 денари, по што избегал.
Изрвшен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени во Скопје и Битола искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола била касната од куче скитник.
Во СВР Битола на 13.01.2025 во 16.45 часот А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени прилепчани: украле повеќе предмети од хала
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.