Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на цената на паркингот
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Совет на Град Скопје беше против предлогот за зголемување на цената на паркингот.
,,Во име на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата барам точка 15, предлог одлука за давања на согласност на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите коишто ги извршува Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје да биде тргната од дневниот ред.Причината која е? Сметам дека со новата одлука само паушално се прикажува на јавноста и на граѓаните дека се решаваат одредени проблеми.
Јас за жал ќе спомнам нели дека секој проблем треба системски да се решава и да се гледа од повеќе аспекти. Од друга страна и градоначалникот Шилегов постојано го слушам дека на сите проблеми системски треба да се пристапува и да се прават анализи од повеќе аспекти, а притоа да се слушаат и надворешните експерти и јавноста какво мислење има за дадените прашања и проблеми”, рече советничката Светлана Колариќ.
,,Ако се погледне членот 8 којшто укажува дека се зголемува месечната претплата за вработени во ЈЗУ „8-ми септември“ и исто така за вработените во комплекс клиники „Мајка Тереза” во суштина само можам да кажам дека во овој дел би ги спомнала техничкиот персонал што работи на клиниките односно медицинските сестри, техничари, фармацевти, лаборанти на којшто многу минимално им ја покачивте платата, а сега сакате преку паркингот парите да си ги вратите назад во буџетот. Ова покажува дека со паркингот и со радио дифузната такса вие навистина си играте мајтап со граѓаните којшто ја дадоа довербата.
Ова од друга страна мене ми дава за право да размислам дека вие немате стратешка определба за клиничкиот центар којшто нели го најавивте дека ќе биде изграден, па од таму системско решавање на проблемот е навистина дека имаме две паркинг паркинг простори односно паркинг простор за вработените во клиничките центри, а друг паркинг простор за пациентите.
Ја имам предвид гужвата којашто се случува на паркинзите на клиниките меѓутоа дека ќе го решите прашањето со покачување на билетот навистина е една ноторна глупост.
Од друга страна пак, членот 8 каде што треба да се донесе одлука дека во случај на надминување на праговите на алармирање на ПМ 10 честички во два последователни дена и прогласување на вонредни интервентни мерки за загадување на воздухот од страна на градоначалникот, цената за час паркирање на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање по предлог на градоначалникот двојно ќе се зголемуваат.
Градоначалниче убедена сум дека освен вашите 25 или 36 краткорочни мерки кои што ги донесовте, а се испоставија дека имаат нула ефект на процентот на загадување со ПМ10 и со ПМ2,5 честички во воздухот во Скопје, навистина сметам дека донесувате една пребрза одлука која што само ќе оди на грбот на граѓаните. Дефинитивно бев присутна на прикажување на студиите кои беа нарачани и платени од претходниот градоначалник Коце Трајановски, во периодот од 2012 до 2016 година, направени се анализи колку загадува транспортот колку сообраќајот, колку загадуваат домаќинствата, а колку индустријата, колку е процентот на она што треба да се вложи односно колку е сумата на пари што треба да се вложи.
Во овој период , во ова време, сметам дека доколку удриме по грбот на граѓаните со двојно или тројно зголемување на цената на паркинг билетите, ништо не сме направиле. Напротив само удираме по џебот на граѓанинот, а притоа процентот на загадување во градот Скопје ќе биде на исто ниво. Сметам дека ова ви е пребрза одлука, одлука со која не сте се консултирале со експерти ниту со пошироката јавност, односно дел од пошироката јавност бурно реагираше дека со покачување на цената на паркинг услугите за време на периодот кога ПМ честичките многу повисоки отколку треба, дека нема да има ефект. Сметам дека стратегијата треба да се насочи во друг правец”, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

