Македонија
Народен правобранител:Да ги елиминираме дискриминацијата, тортурата, нехуманиот третман
На 10 декември пред 70 години, земјите членки на Обединетите нации одлучија на хартија да ги стават постулатите на човековите права и тој документ да го наречат Универзална декларација за човековите права. Сигурен сум дека во тој момент предвид ја земале нивната универзална димензија. Од тогаш овој ден симболично се одбележува како Меѓународен ден на човековите права, како ден кој служи како потсетник дека секое човечко суштество заслужува почит, достоинствен живот и еднаков третман.
Секој, Секаде, Секогаш. Ова, накратко се главните постулати на Декларацијата која низ годините стана составен дел од голем број на домашни и меѓународни документи. Таа стана основа за еднаков третман на луѓето без разлика на која раса, вера и националност и припаѓаат. Каде живеат, во која ситуација се наоѓаат.
Еднаквоста, стана основно правило на владеење на сите држави и тоа како за нејзините државјани, така и за странците, бегалците/мигрантите, азилантите. Правото, правдата, еднаквиот пристап до сите добра станаа основно правило на живеењето во најголемиот дел од светот. Но, за да се дојде до сето ова требаше да поминат години, да се извојуваат многу битки. Мартин Лутер Кинг да го „отсонува својот сон“, Роза Паркс да докаже дека бојата на кожата не ја прави помалку вредна да биде во предниот дел од автобусот, Нелсон Мандела да стане симбол на борбата против апартхејдот, соопшти Народниот правобранител.
Ова е само мал дел од историјата за борбата за еднаквост, која за жал и денес, после 70 години се уште се води во одредени делови од светот. Денес, во 21 век, во времето на дигиталната технологија, за жал и понатаму има земји каде жените и децата не се третираат еднакво, каде пристапот до чиста вода и електрична енергија е луксуз, каде се водат најпримитивни војни поради кои илјадници луѓе се приморани да ги напуштат своите домови и да го добијат статусот на бегалци/мигранти.
,,Денес, е добар повод ние бранителите на човековите права уште еднаш да ја потврдиме својата цврста заложба да работиме на промоција и унапредување на човековите права. Да работиме сите под еднакви услови да можат да си ги остварат своите со устав и закон загарантирани права. Да ги елиминираме дискриминацијата, тортурата, нехуманиот третман, да помогнеме во создавањето на услови за еднаков пристап до правото и правдата за сите. Да помогнеме децата да имаат среќно и безгрижно детство, квалитетно образование. Да докажеме дека потребата од родова еднаквост е минато. Всушност тоа е и наша основна задача, како адвокати на народот, максимално да се заложиме за нивните слободи и права.
Од овие причини, упатувам апел до властите, институциите доследно да ги спроведуваат законските прописи да овозможат еднаков третман за сите, затоа што само така ќе можеме да кажеме дека навистина сме изградиле Едно општество за сите”, се додава на соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

