Контакт

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски

Објавено пред

Пркосот нема да сопре, а ВМРО-ДПМНЕ народот нема да сопре во спротивставувањето на наметнатите црнила, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на партијата, Наум Стоилковски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во име на слободната мисла на народот, како што изјави портпаролот Стоилковски, тие бараат оставка од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

„Итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече ‘искомплексирана’ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, па упатува непростлива навреда кон истиот тој народ. Итна и неотповиклива оставка бараме на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски. Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои остануваат нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија“, изјави Стоилковски.

Како што изјави Стоилковски, освен оставките од партијата бараат и веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.

„Во услови на економски колапс, дупка од капитални инвестиции, отсуство на инвестиции, однародената власт мора да престане со осиромашувањето на бизнисот и дополнителното осиромашување на народот, на сметка на свое лично богатење на властодршците.

Веднаш продолжување на проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа  од централно до општинско ниво. Тоа е вистинскиот чекор за навистина почист воздух. Да престанат лагите, декларативните ветувања од оваа однародена власт за некакви лажни еколошки зафати.

Бараме веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев да биде расчистен, прислушувањето на обвинителите и сите судии да биде разгледано. Да биде предводено од човек на предлог  на опозицијата, со задача да ги преслуша, анализира, систематизира материјалите од прислушувањата на обвинителите. Да се истражат нарачаните пресуди, нарачаните обвиненија за луѓето од 27 април, нарачаните обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во име на коалицијата и во име на слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитувања на јасно изразената волја на референдумот. Не смее да се изигрува референдумот, којшто однародената власт не успеа да го намести, да го фингира и покрај сите манипулации со брзо гласање. Не смее да се продолжи со изигрување на демократијата со непочитувањето на најдемократската алатка и волјата на граѓаните“, изјави Стоилковски.

 

Соопштенија

Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.

dobivaj vesti na viber

„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.

Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.

„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Објавено пред

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.

dobivaj vesti na viber

„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.

Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.

Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.

Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Шукова: Радишани заслужува чист, безбеден и жив пазар

Објавено пред

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денес оствари средби со продавачи и купувачи на пазарот во Радишани. Во отворен разговор, жителите посочија конкретни потреби: почист и поорганизиран пазар, подобро осветлување, повеќе корпи за отпад, регулиран паркинг и редовна контрола на хигиената.

dobivaj vesti na viber

„Енергијата и идеите на луѓето од Радишани се јасен сигнал што треба да се направи веднаш. Како градоначалничка ќе воспоставам јасен распоред за чистење и миење на пазарниот простор, ќе го подобриме осветлувањето и пешачките приоди, ќе воведеме означени паркинг-зони за ред и безбедност, а малите продавачи ќе добијат фер услови и промотивни викенд-настани,“ изјави Шукова.

Таа додаде дека пазарот е важен економски и социјален центар на маалото: „Радишани заслужува пазар каде локалната економија расте, а соседството се поврзува. Тоа е духот на нашата визија — „Се бориме за нашиот дом“ почнува од ваквите места.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија3 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија4 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија5 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија5 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија5 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија5 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија6 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет7 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа7 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет7 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион7 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет8 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет19 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија1 ден

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија1 ден

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...